Општина Карпош започна со обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација пред училиштата и градинките со цел да ја подобри безбедноста во сообрачајот.
Активоста која се реализира во рамки на годишната програма на Секторот за комунални работи, опфаќа пребојадисувањето на пешачките премини и уличните училишни ознаки, пред десетте основни училишта во Карпош, велат од Општината.
Во рамки на акцијата ќе бидат ќе бидат обновени и пешачките премини пред десетте објекти на четирите детски градинки во Карпош.
Со обновување на сигнализацијата се обезбедува поголема видливост на пешачките премини и се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот, информираат од Општина Карпош.
Од таму апелираат за внимателно и одговорно однесување во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.