Дали храната и суплементите што се рекламираат на интернет се безбедни? Дискусија во Кисела Вода
Денес во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Општина Кисела Вода, по повод Светскиот ден на храната, се одржа едукативна панел-дискусија на тема „Електронска трговија на храна, медиумска промоција и рекламирање на храна, додатоци во исхраната и храна за спортисти – вистинска приказна или заблуда?“. Настанот, кој на едно место ги собра претставниците од Општина Кисела Вода, Агенцијата за храна …
Continue Reading
Пуштено е во употреба реновираното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто
По 50 години откако е изградено, денеска беше пуштено во употреба реновираното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во населба Ченто. На отворањешто присуствуваше и премиерот, Христијан Мицкоски. „Ова се моменти кога сето она што го почнувате гледате како има форма и суштина. И навистина за мене претставува задоволство да заедно со градоначалникот, со министерката, со пратениците, со граѓаните, советниците на Општина Гази …
Continue Reading
(Фото) Стаменкоска Трајкоска на терен во Црниче: Директниот разговор со граѓаните носи најдобри решенија
Во рамките на континуираниот циклус теренски посети низ сите месни и урбани заедници во Општина Кисела Вода, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со раководителите на секторите од општинската администрација, оствари работна средба со жителите на урбаната заедница Црниче. На средбата беше направен пресек на досегашните инфраструктурни зафати. Присутните упатија благодарност за реконструкцијата на скалите кои водат од улицата „Црниче“ кон …
Continue Reading
(Фото) Целосна реконструкција на двата паркинга на улицата „Костурска“ во Скопје Север
Општина Бутел извести дека продолжува со интензивна реализација на инфраструктурните проекти во населбата Скопје Север. „Започна целосната реконструкција на големиот и малиот паркинг на улицата Костурска. Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се обезбедат подобри услови за паркирање, уреден јавен простор и поквалитетно секојдневие за жителите на Скопје Север. Градоначалникот Дарко Костовски и Општина Бутел продолжуваат со реализација …
Continue Reading
Одговор од градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски во врска со прашањата од ТВ ТЕРА
Одговор од градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски во врска со прашањата од ТВ ТЕРА Прашање 1: Дали градоначалникот Коњановски смета дека е етички и морално да ја дели сцената во првиот ред со претседавач на општинско тело кој се обиде да добие општински тендер наменет за истото тоа тело? Одговор 1: Битола, не организираше само настан, туку преку …
Continue Reading
Продавал податоци за физички и правни лица, нудел услуги за измами, 20-годишен жител од Тетовско осомничен за комјутрески криминал
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишник од селото Голема Речица за повеќе дела од областа на компјутерскиот криминал. За време на повеќемесечните предистражни дејствија координирани од јавен обвинител, се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение за извршено кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик, бидејќи осомничениот во периодот од …
Continue Reading
Нова програма за рано учење и развој во 11 детски градинки во државата
Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ и експертски тимови, започнува со пилотирање на новата Програма за рано учење и развој, со цел унапредување на квалитетот на предучилишното воспитание и образование во државата. На денешниот настан посветен на пилотирањето, министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, истакна дека овој …
Continue Reading
Брзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка
Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, обвини Клементина Брзаковска, претседателка на Комисија за животна средина на ОК Центар на СДСМ. „Денес сме на Водно, на улица Партение Зографски 31, каде што жителите алармираат дека се копа и се гради во непосредна близина на главната водоводна цевка. Стравуваат дека градежните …
Continue Reading
Целосно се обновува главната водоводна мрежа во Кадино
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во градежните активности за санација на главната водоводна мрежа во должина од околу 650 метри во Кадино. Во рамки на проектот, старите, дотраени и оштетени водоводни цевки се заменуваат со нови полиетиленски цевки Ф280. Георгиевски истакна дека со реализацијата на овој проект ќе се овозможи континуирано и стабилно водоснабдување, намалување на загубите …
Continue Reading