Марко Топузовски, кој освои бронзен медал во кинеско борење, на прием кај градоначалничката на Кисела Вода
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, денеска во својот кабинет го пречека Марко Топузовски, вработен во Општина Кисела Вода, кој неодамна оствари огромен спортски успех освојувајќи го бронзениот медал на Светското првенство во кинеско борење одржано во Италија. На приемот присуствуваше и неговиот тренер Страшо Глигоров од спортскиот клуб „7-ми МАЈ ШУИ ЏИАО Скопје“. На средбата се …
Continue Reading
(Видео) Советниците на СДСМ од истокот против рудниците: Македонија не е на продажба
Советниците на СДСМ од истокот уште еднаш го креваат својот глас против рудниците кои се закана за здравјето, земјоделството и животната средина. На денешната јавна расправа отворено и аргументирано ќе се спротивставиме на новиот Нацрт-план за просторно планирање на Владата на Мицкоски, изјави Весна Ристовска, координатор на советничката група во општина Пробиштип на СДСМ. „Еве што значи овој план за источниот …
Continue Reading
Герасимовски: Македонска песна и оро утре на „Боемска“ со КУД „Орце Николов“, Блага Петреска и Наум Петрески
Општина Центар утре, 16 октомври, го организира настанот „7/8 Центарски такт“, посветен на македонската народна песна и фолклорната традиција. На Боемска улица 1, граѓаните ќе можат да уживаат во вечер исполнета со музика, народни носии и дружење. Програмата започнува во 18:00 часот со дефиле на КУД „Орце Николов“, а во рамки на настанот ќе биде поставена и изложба на народни …
Continue Reading
Делови од општините Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈКП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат: · Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа од ф-400мм на Ф200мм на улица Мирослав Крлежа бб, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од Мирослав Крлежа потегод од Булевар Партизански Одреди до улица Орце Николов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување. …
Continue Reading
Исполнет уште еден чекор за зонско паркирање во Автокоманда, објави Стефковски
Исполнет е уште еден чекор за зонско паркирање во Автокоманда, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Денес на седницата на Советот на Општина Гази Баба, беше донесена Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за поставување сообраќајна сигнализација и направи за смирување на сообраќајот во Автокоманда. Со оваа одлука создаваме услови за реализација на следната важна фаза …
Continue Reading
„Безбеден град“ регистрира 296 сообраќајни прекршоци за два дена во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
Вкупно 296 сообраќајни прекршоци се регистрирани преку системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар, во првите два дена од неговото функционирање, информираат од СВР Охрид. На 12 октомври, првиот ден од функционирањето на системот, биле регистрирани 148 прекршоци, а исто толку биле евидентирани и на 13 октомври, заклучно со 19 часот. Најголемиот дел …
Continue Reading
Клековски: Во Клиничка болница Штип отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките
Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска го посети мултидисциплинарниот кабинет за дојка во рамки на Клиничката болница – Штип. Клековски при посетата рече дека речиси илјада жени годишно заболуваат од оваа болест. -Во месецот во кој се обидуваме да ја подигнеме свесноста за борба против ракот на дојката, еден од најчестите канцери, речиси илјада жени годишно добиваат рак на дојка …
Continue Reading
Герасимовски: Законот нè обврзува да ја започнеме постапката за ДУП „Барутана“, но тоа не значи дека планот ќе биде донесен
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите појасни дека постапката за изработка на нов Детален урбанистички план за „Барутана“ е започната согласно законските обврски на Општината, откако претходниот план беше укинат од Уставниот суд во 2025 година. Тој истакна дека во јавноста се создала непотребна фама околу нацрт-планот, без притоа да се направи разлика меѓу законската …
Continue Reading
Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат, денес спроведе вонредна инспекциска контрола на зелениот пазар во скопската населба Ченто, при што се запленети околу два тони небезбедна храна од различен вид. Контролата беше насочена кон проверка на условите под кои се продава храната, како и почитувањето на законските прописи …
Continue Reading