Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќните празници ќе биде без наплата за сите граѓани, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар. „На 01.01.2026 година (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи …

Continue Reading

​Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година

Со 17 гласа „за“ и 7 „против“, Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари. Буџетот, истакнуваат од општината, е изработен транспарентно и во директна консултација со граѓаните, а носи силна развојна компонента со доминантен фокус на капиталните инвестиции и подобрување на квалитетот на живот во општината. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, презентирајќи го буџетот пред Советот, …

Continue Reading

„Нокаут“ ќе ги забавува битолчани за Нова Година

Општина Битола одлучи да нема огномет на прославата на дочекот на Новата година. Со ова, општината се приклучува кон другите општини кои, исто така, одлучија на прославите за дочекот на новата година да нема огномети и заради барањата на поедини здруженија на граѓани. Организираниот дочек како и изминатите години ќе биде на платото на Офицерскиот дом, каде ќе има музичка …

Continue Reading

Традиционално доделени новогодишни подароци на лицата со попреченост и децата од семејства во социјален ризик

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, Општина Гевгелија организираше традиционално дружење со децата и лицата со попреченост од нашата заедница. Градоначалникот Андон Сарамандов заедно со претставници на општинската администрација и ЈУМЦСР- Гевгелија ги посети штитениците на Дневниот центар и Центарот „Мајка Тереза“ во Гевгелија, каде што разговараше со нив и им подари пригодни новогодишни подароци. Исто така, во Народниот …

Continue Reading

Локални таленти, големи емоции: Премиерата на „Печалбари“ остави траен белег во културната меморија на Гевгелија

Локалните културни настани често знаат да понудат големи изненадувања и да го испишат својот печат во културната меморија на градот. На 29 декември 2025 година, во Народниот театар- Гевгелија се потврди оваа вистина. Премиерната изведба на „Печалбари“ покажа дека со посветени аматери и љубители на театарот, добра режија и институционална поддршка може да создаде претстава што плени со актерска игра, …

Continue Reading

(Фото) Викенд исполнет со празнична магија на „Патека на радоста“ во општина Илинден

Плоштадот во населеното место Марино за време на викендот беше центар на празнична магија, радост и заедништво, каде голем број граѓани од сите возрасти уживаа во новогодишната магија на „Патека на радоста“, во организација на општествено одговорни компании и под покровителство на Илинден, извести Општината. „Настанот изобилуваше со богата и разновидна програма, наменета за сите возрасти, но со посебен акцент …

Continue Reading

(Фото) Герасимовски: Фантастична предновогодишна вечер на Боемска, центарци со позитивна енергија влегуваат во 2026

Со предновогодишната забава „Вечер под ѕвездите“, општина Центар симболично ја заокружи 2025 година и посака добредојде на Новата година. Боемска улица синоќа беше преполна со расположени и весели скопјани кои се препуштија на празничната атмосфера, подготвена специјално за нив. Уште на самиот почеток, вештите акробати и жонглери во ритамот на диско музиката на ди-џеј Александар Јорданов ги воодушевија посетителите со …

Continue Reading

Празнична магија на Струмичкиот базар со одлична музика и заедништво

Денеска, празничната атмосфера на базарот во Струмица ја збогати и присуството на градоначалникот Петар Јанков, кој заедно со граѓаните уживаше во третата вечер од програмата. Музичкиот дел од вечерта беше исполнет со одлична енергија и празничен дух, со настапите на Теодора со бенд и групата One Way, кои испратија силна и топла порака во духот на празниците – порака за …

Continue Reading

Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска: · поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош) · поради изведување приклучок …

Continue Reading