Запишувањето на првачињата во гевгелиските училишта започнува на 4 мај


494189027_697588899300160_5040159570020604852_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Гевгелија ги информира родителите дека започнува постапката за запишување ученици во прво одделение за учебната 2026/2027 година, согласно Законот за основно образование.

Основното образование е задолжително и трае девет години, организирано во три воспитно-образовни периоди: од прво до трето одделение, од четврто до шесто одделение и од седмо до деветто одделение.


Запишувањето се однесува на сите деца кои до крајот на декември 2026 година ќе наполнат 6 години, односно деца родени во текот на 2020 година, како и за деца родени во јануари 2021 година, доколку родителите изразат интерес.

Уписите ќе се реализираат во периодот од 4 до 28 мај 2026 година во основните училишта на подрачјето на општината, согласно реонизацијата и местото на живеење на учениците.

При уписот, родителите се должни да ги достават следните документи:

– Извод од матична книга на родени (оригинал или копија)

– Потврда за примени задолжителни вакцини (оригинал)

– Медицинска потврда од стоматолог (оригинал)

– Медицинска потврда од офталмолог (оригинал)

– Лична карта од родител/старател со адреса на живеење (на увид или копија)

– За деца со попреченост – мислење од надлежна Комисија (МКФ)

Родителите се должни претходно да закажат термин за доставување на документите и интервју со детето во соодветното училиште, на следните телефонски броеви:

– ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија: 078/447-373

– ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија: 075/322-633

– ООУ „Климент Охридски“ – Миравци: 070/670-440

– ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци: 078/232-499

Дополнително, родителите имаат можност да ја поднесат пријавата и потребната документација по електронски пат преку платформата uslugi.gov.mk, по што ќе им биде закажан термин за интервју со детето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK