Безбедноста е приоритет и не смее да биде предмет на политика, порача градоначалничката по трагичниот настан во Кисела Вода


beti-stamenkoska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалнико Бети Стаменкоска – Трајкоска изрази длабоко жалење за трагичниот настан што се случи на територија на Општина Кисела Вода, при што едно лице го загуби животот, а три лица се повредени.


Градоначалничката упати сочувство до семејството на починатиот и посака побрзо закрепнување на повредените.

-Во врска со трагичниот настан што се случи на територија на Општина Кисела Вода, изразуваме длабоко жалење за загубата на човечки живот и сочувство до семејството на починатиот. Безбедноста на граѓаните и работниците е апсолутен приоритет и не смее да биде предмет на политички поени.

Во овој момент, надлежните институции постапуваат и се во тек проверки за утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Општината целосно соработува со институциите и ќе постапи согласно сите наоди и препораки.

Ја разбираме загриженоста на јавноста, но апелираме на одговорност и воздржаност од изнесување непроверени информации и политизација на случајот. Ваквите ситуации бараат сериозен и институционален пристап, а не дневно политички реакции.

Општината е отворена за дискусија во рамки на институциите, но одлуките мора да се темелат на факти и стручни анализи, а не на претпоставки.

Ќе продолжиме транспарентно да ја информираме јавноста за сите релевантни информации веднаш штом тие бидат официјално потврдени.

Нашиот приоритет останува јасен – заштита на граѓаните, почитување на законите и одговорно постапување во интерес на јавноста.’’ – истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK