Земјотрес почувствуван во Охрид и блиската околина
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 22 часот и 6 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 103 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.8. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот …
Continue Reading
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи. „Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ): · поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, …
Continue Reading
Новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците, децата од центарот за рехабилитација
Традиционално и годинавабеа доделени новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола. Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски. Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.
Continue Reading
Втора вечер од „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода: Либеро Бенд, Антониа Гиговска и Оле Поцкова во парк Шопен
По успешниот старт на „Новогодишната приказна“, која вчера ја исполни oпштина Кисела Вода со енергија и убаво расположение, вечерва во паркот „Шопен“ продолжува програмата наменета за сите генерации и вкусови, соопштија од општината. Настанот е отворен за сите граѓани, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во празничниот амбиент со новогодишни куќарки, украси и содржини наменети за целото семејство. …
Continue Reading
Доживотен затвор за братоубиецот во Кавадарци: го убил бидејќи верувал дека сака да го преземе целиот имот
По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина со која го огласи за виновен 43-годишниот С.И. за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 (од користољубие) и го осуди на казна доживотен затвор. Обвинетиот на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот …
Continue Reading
Започна изградбата на модерен парк со детско катче крај станбениот комплекс на булевар „Гевгелија“
Во Гевгелија, започна изградбата на нов парк со детска зона. Новиот јавен простор се гради во непосредна близина на станбениот комплекс крај булевар „Гевгелија“ и крстосницата со улица „Деко Ковачев“. Проектот за цел да обезбеди функционален, безбеден и модерен простор за игра на децата, рекреација и одмор за сите граѓани, како и да го збогати зеленилото во градот. Градоначалникот на …
Continue Reading
Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година изнесува околу 14,4 милиони евра
Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година е утврден на вкупен износ од 887.172.293 денари. Одлуката за негово усвојување беше донесена со мнозинство гласови на првиот дел од 5. седница на Советот на Општина Гевгелија. Приходите на Основниот буџет учествуваат со 446.289.554,00 денари или 50,30 проценти од вкупниот буџет, од кои редовните приходи на општината се планирани во износ од …
Continue Reading
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟣𝟦 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 22.12. до 28.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 114 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ. „За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно …
Continue Reading
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат: · во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден) · во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден) · во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците …
Continue Reading