Нов „МСЧФ“ производ – големи кловновски жолти чизми

yellow mscf
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Брендот „МСЧФ“ има нов начин да привлече внимание со своите предимензионирани чизми, благодарение на соработката со брендот „Крокс“. Овојппат се работи за кловновски големи жолти чизми.







„Обувките“ коишто го отсликуваат претходниот црвен хит-производ на „МСЧФ“, сега имаат и дупчиња за провев – како влечките „Крокс“, а првпат ги носеше музичарот Томи Кеш во првиот ред на Модната недела во Париз. Новите обувки ќе биде пуштени во продажба на 9 август по малопродажна цена од 450 долари.

Откако уметничките црвени чизми за кловн го зафатија интернетот, голем број познати личности беа фотографирани со тие обувки коишто всшност потсетуваат на ликовите од цртаните филм. Ниту новиот уметнички производ „МСЧФ“ не остана незабележан од познатите, па Викторија Бекам е една од првите која сподели фотографија на којашто ги носи големите жолти чизми. По неа, следеа Парис Хилтон, Малума…

Но, на интернет, многумина и не го дочекаа позитивно новиот производ, па имаше и комични пораки во стилот – „Сунѓерот Боб доби конкуренција“ и слични досетки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK