Илон Маск го реактивираше „Х“ профилот на Кање Вест

kanje-vest
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Социјалната мрежа „Х“ – поранешен „Твитер“ му го врати профилот на американскиот рапер Је (Кање Вест), речиси осум месеци откако тој објави слика со нацистички кукаст крст споен со еврејската Давидова ѕвезда.







Је нема да може да заработува од својот профил и нема да се појавуваат реклами до неговите објави, како што пренесе „Волстрит журнал“. Кога неговиот профил еднаш беше исклучен поради антисемитски пројави, па повторно вратен, за помалку од две недели музичарот ги пофали Адолф Хитлер и нацистите, проследено со сликата со свастика.

Таа втора објава доведе до суспензија издадена од самиот Илон Маск, но сега е укината. Раперот наводно ветил дека нема да ја користи платформата за ширење антисемитизам и други облици на говор на омраза.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK