ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ, доколку во Собранието има такво барање, да се оди на предвремени парламентарни избори. „ДУИ континуирано ја истакнува потребата од стабилна, функционална и легитимна влада, која ќе ја одразува политичката волја и легитимитетот на најголемите заедници во земјата. Институционалната стабилност и правичната застапеност се предуслови за …

Continue Reading

Јакуп Хусеини е кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Брвеница

ВЛЕН денеска ја објави кандидатурата на Јакуп Хусеини за градоначалник на Општина Брвеница. Како што соопштија од ВЛЕН, Хусеини е магистер по правни науки и моментално работи како државен службеник во Општина Брвеница. Од коалицијата наведуваат дека неговото професионално искуство и непосредната работа со жителите му овозможиле одблиску да се запознае со потребите, проблемите и предизвиците со кои се соочува …

Continue Reading

Аркин Јахији кандидат за градоначалник на Брвеница од ДУИ

  Демократската унија за интеграција на изборите за градоначалник на Општина Брвеница ќе настапи со кандидатот Аркин Јахији. „Со Аркин целиме кон поразвиена и достоинствена Брвеница, со администрација во служба на граѓаните, конкретни инвестиции и еднакви можности за секое населено место и за секој граѓанин. Заедно, со поддршка од граѓаните, ќе работиме за подобра иднина на Брвеница. Веруваме дека Брвеница …

Continue Reading

Гаши ги распиша предвремените избори за градоначалник на Брвеница за 18 октомври

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја потпиша одлуката за распишување предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври. Тој очекува од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и од сите надлежни органи изборниот процес да го спроведат професионално, непристрасно и со целосно почитување на законите и процедурите. „Ги повикувам сите кандидати …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ по повторените локални избори: Народот ја казни неконструктивноста на СДСМ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека повторените локални избори во државата завршиле со, како што наведуваат, уште еден дебакл и пораз за таканаречениот „клан Дубаи“. Според соопштението, со победата на Онер Јакупоски во општина Маврово и Ростуше со повеќе од двојна разлика во гласови, ВМРО-ДПМНЕ освоила вкупно 56 општини, додека СДС останала на, како што се наведува, минимални шест општини. Од ВМРО-ДПМНЕ …

Continue Reading

ВЛЕН: Албанците зборуваа со еден глас, 10 општини за промени. Им честитаме на Лимани и Шабани

„ВЛЕН е апсолутен победник на локалните избори, со 10 освоени општини, силно потврдувајќи ја граѓанската доверба и широката поддршка што Албанците ја дадоа за промените“, велат од ВЛЕН. „Го поздравуваме официјалното завршување на локалниот изборен процес, кој заврши вчера со повторените избори во Гостивар и Врапчиште. Во оваа пригода, им честитаме на кандидатите на опозицијата, Валбон Лимани и Исен Шабани, …

Continue Reading

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа. Врапчиште (излезност 32,37%) – Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа – Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа Гостивар (излезност 30,34%) – Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа – Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа Маврово Ростуше (излезност …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени технички предизвици, граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право на глас. Тоа е јасна и недвосмислена потврда за демократскиот капацитет на државата и важна инвестиција во нејзината стабилност“, кажа на прес-конференција, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Овие избори покажаа …

Continue Reading

МВР: Повторените локални избори завршија без нарушувања на јавниот ред и мир

Локалните избори кои се одржаа во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера, информираат од Министерството за внатрешни работи. „МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Не беа …

Continue Reading