20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Прегазен маж на регионалниот пат Гостивар-село Градец: со тешки повреди пренесен во болница
Вчера во 16:05 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Градец, во населба Млаки, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(46) од село Врапчиште, гостиварско, удрило во 69-годишниот Б.С. од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Continue Reading
Уапсен 55-годишник од неготинско: возел под дејство на алкохол
Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Л.Д.(55) од село Пепелиште, неготинско. При сообраќајна контрола на ул.„Христо Ботев“ во Неготино, било сопрено патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал Л.Д. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,05 промили алкохол во крвта. …
Continue Reading
Скопјанец пронашол залутани зрна од огнено оружје во двор од приватна фирма
Вчера во 14:40 часот во СВР Скопје, 54-годишниот М.Л. од Скопје пријави дека на улицата „Тодор Александров“ во Скопје, во двор од приватна фирма, пронашол залутани зрна од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш. од село Рогле, тетовско, управувајќи патничко возило „ауди“ со италијански регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Тетово, додека со телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од …
Continue Reading
Со остар предмет се заканувал на мајка си и искршил дел од покуќнината: притвор за 43-годишник од Свети Николе
Вчера во 12:15 часот полициски службеници од ОВР Свети Николе, лишија од слобода 43-годишник од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава од неговата мајка, дека во двор од семејниот дом, со остар предмет и упатил закани и искршил дел од покуќнината. Против лицето е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од страна на судија од Основен суд Свети Николе …
Continue Reading
Изгоре „пасат“ на граничниот премин „Ќафасан“: нема повредени
Вчера во 15.20 часот, во патничко возило „пасат“ со дебарски регистарски ознаки, кое било во колона за влез во државата, на граничниот премин „Ќафасан“, избувнал пожар, извести СВР Охрид. Повредени лица нема, а возилото, сопственост на Ф.Ф.(34) од Дебар, било веднаш отстрането од колоната и со противпожарен апарат било спречено натамошно ширење на пожарот.
Continue Reading
Уапсени тројца скопјани: кај нив пронајдени книги, сопственост на Државниот архив на РСМ
На 06.01.2026 во 04:45 часот на крстосницата од булеварот „Партизански Одреди“ со улицата „Московска“ во Скопје, полициски службеници ги лишија од слобода Е.Д.(18), Х.Е.(19) и 17-годишник, сите од Скопје. По претходно добиени сознанија, било сопрено патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. и по извршен преглед на возилото, биле пронајдени и одземени книги, сопственост на Државен …
Continue Reading
Уапсен велешанец: при претрес во неговиот дом пронајдени пари и предмети што ги украл
Вчера во 17:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода 36-годишниот Љ.Ј. од Велес, поради основи на сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Велес. По добиени оперативни сознанија, извршен е претрес во неговиот дом, со судска наредба, при што биле пронајдени и одземени пари и предмети за кои постои сомнение …
Continue Reading