Загина 54-годишен велешанец: го прегазило товарно возило


policija-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 11:00 часот на ул. „Раштански пат” во Велес, товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки, со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(55) од Велес, удрило во пешакот О.Ѓ.(54) од Велес.


Од здобиените повреди на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Велес.

Возачот С.Д. е лишен од слобода, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK