Со автомобил удриле во мотор-доставувач па го истепале возачот
Утрово во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција. Полицијата постапила постапувајќи по пријава дека на 24.05.2026 околу 19:55 часот на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи …
Continue Reading
Тело на маж најдено во летниковец на Водно
Телото на 64-годишен скопјанец било пронајдено синоќа во летниковец на Средно Водно, на местото познато како „Видиковец“, откако претходно бил пријавен за исчезнат. Станува збор за Б.П. од Скопје, кој според пријавата се оддалечил од својот дом пред да биде пронајден без знаци на живот. На местото интервенирала Итна медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта. По наредба на …
Continue Reading
Во автобус што сообраќал од Германија кон Македонија откриени непријавени 34.965 евра кај патник од Теарце
Речиси 35.000 евра непријавени пари биле пронајдени во автобус што сообраќал од Германија кон Македонија, при контрола што денеска ја спровела полицијата на подрачјето на Тетово. Според информациите од МВР, автобусот „мерцедес“, сопственост на туристичка агенција, бил запрен од полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки. Возилото го управувал 37-годишниот Р.Ф. од тетовското село Доброште. При прегледот на автобусот, …
Continue Reading
МВР и Шумската полиција одземаат украдени огревни дрва
Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција – Скопје и подружницата на Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес, денеска се спроведува акција во Арачиново за откривање и одземање на украдени огревни дрва. Информацијата ја објави Кире Михаилов на социјалните мрежи, посочувајќи дека акцијата е во тек. Засега нема официјални детали за количината на одземените дрва ниту дали има …
Continue Reading
Маж нападнал дете во училиште во Илинден
Маж е осомничен дека физички нападнал дете во дворот на основно училиште во Илинден, откако претходно неговиот син влегол во расправија со соученик. Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, инцидентот се случил на 22 мај, кога момчето го повикало својот татко по недоразбирање со врсник во училишниот двор. Кога пристигнал во училиштето, осомничениот најпрво почнал да му упатува навреди, …
Continue Reading
Дрога пронајдена кај двајца 19-годишници и еден малолетник
Дрога била пронајдена при претрес на велешкото подрачје, по што приведени биле двајца 19-годишници и еден малолетник, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 2:20 часот, полициски службеници од СВР – Велес ги лишиле од слобода М.А. од велешкото село Долно Каласлари и Ј.П. од Велес, а во 15:15 часот го лишиле од слобода 17-годишен малолетник од …
Continue Reading
Од свеќа се запали стан во Гази Баба
Вчера во 05:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Разлошка“ на подрачјето на Гази Баба во кој како потстанар живеела Х.С.(22) од Скопје. Пожарот настанал од запалена свеќа и притоа со повреди на раката се здобила Х.С., констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје …
Continue Reading
Кокаин, оружје и полициска опрема најдени во голф
Полициски службеници во Струмица ноќеска лишиле од слобода Н.Џ. од село Двориште, беровско, откако кај него и во неговото возило биле пронајдени дрога, оружје и муниција. Инцидентот се случил околу 02:00 часот по полноќ, во близина на угостителски објект во Струмица, каде што полицијата извршила контрола врз лицето и возилото во кое се наоѓал. Според информациите, кај него била пронајдена …
Continue Reading
Автомобил удри во велосипедист кај Мавровка
Сообраќајна несреќа се случи кај ТЦ Мавровска во Скопје. Во несреќата патничко возило марка „Фолксваген“ удрило во велосипедист. Засега нема официјални информации за неговата здравствена состојба.
Continue Reading