(Видео) Во Драч уапсени две лица припадници на организираната криминална група „Беланоца“

Според информација од македонската полиција, во Драч, Р.Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која од слобода се лишени М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“, за кои Интерпол има издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје …

Continue Reading

Од сефот во банка и украле пари и часовник: ограбена скопјанка

61-годишна жена пријавила во полиција дека ѝ биле одземени пари и часовник од сеф во банка, кој таа го имала закупено. Според полицијата, вчера во 14:20 часот во СВР Скопје 61-годишната жена пријавила дека од сеф во банка, кој таа го закупила,  биле одземени пари и часовник. МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Continue Reading

21-годишник поттикнал малолетник да ја украде картичката на дедо си па подигале пари од банкомат

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.В. (21) од Пехчево. Тој се сомничи за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Имено пријавениот поттикнал малолетник да одземе банкарска картичка од неговиот дедо и без негова согласност и дозвола од банкомат во седум наврати подигале парични средства, при што на оштетениот му нанеле вкупна …

Continue Reading

Го стартувал тракторот во дворот па бил прегазен: тешко повреден кавадарчанец

Ноќеска во 20:00 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Општата болница Кавадарци за укажување лекарска помош бил донесен Р.М.(75) од Кавадарци, а од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Според пријавеното, во дворот од домот, тој стартувал трактор додека стоел до него, по што тракторот се придвижил и го прегазил. Известен бил јавен обвинител, а …

Continue Reading

Почина 14-годишно девојче од Кавадарци: паднало од лулашка во парк

Четиринаесетгодишно девојче од Кавадарци, кое престојувало во Гостивар, починало откако паднало од лулашка во парк во градот. Имено според пилицијата, синоќа во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, …

Continue Reading

Маж од Дебарско ги нападнал поранешната сопруга и нејзината мајка

Во ОВР Дебар утрово 00:30 часот, од слобода бил лишен О.Б.(33) од село во дебарско. Полицијата постапила по претходна пријава дека тој физички ја нападнал неговата поранешна сопруга и нејзината мајка. Според МВР, по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Тројца повредени во сообраќајка во Охридско: едниот од возачите бил пијан

Вчера во 19:15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на охридското село Рача, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ј.(48) од Охрид и патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Г.П.(59) од Охрид. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Љ.Ј., констатирани …

Continue Reading

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта: остана без возило

Синоќа во 18:39 часот, на магистралниот пат Охрид-Подмољје, лишен од слобода е С.С.(47) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „фиат“ со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал и притоа кај него констатирале 2,41 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава …

Continue Reading

Уапсени двајца скопјани: При претрес во дом во Кисела Вода пронајдена дрога и пари

Вчера во 22:20 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода 38-годишниот П.Ј. и 28-годишниот Д.Р., двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес во домот на П.Ј., на подрачјето на Кисела Вода, по претходно добиена судска наредба, каде бил затекнат и Д.Р., биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага …

Continue Reading