78-годишна жена пронајдена почината во Кисела Вода, машки труп пронајден кај Катлановска Бања


policija-sirena-nasha-slika-potera-ubistvo-VI.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 14:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината Л.К.(78) од Скопје.


Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

По насоки од јавен обвинител, телото на починатата било предадено во судска медицина за обдукција.

Истиот ден во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај Катлановска Бања, во реката Пчиња бил пронајден машки труп.

По насоки од јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција и се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK