Загина 54-годишен маж од Прилепско: се превртел со тракторот
Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор, претходно управуван од М.Т.(54) од с.Канатларци. Од здобиените повреди, М.Т. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа …
Continue Reading
Уапсен скопјанец, одземени две комбиња со криумчарена стока на македонско- косовската граница
Денеска околу 08:00 часот, полициските службеници, на граничната линија помеѓу селата Танушевци и Мијак, забележале лица како вршат претовар и размена на стока во товарно возило „фолксваген“ со косовски национални ознаки и товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки. „Веднаш се преземени соодветни мерки и активности за запирање на возилата и легитимирање на лицата, по што од слобода е лишен …
Continue Reading
Кривична против вработена во Министерството за здравство: не извршила контрола во фирма за производство на медицински канабис
НККР Свети Николе поднесе кривична пријава до ОЈО Свети Николе против 39-годишната Д.П. од Скопје за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по чл. 383-б ст.1 од Кривичниот законик. Пријавената Д.П. во периодот од 18.11.2022 до 21.08.2024, во својство на одговорно лице-претседател на Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување …
Continue Reading
Царинскиот службеник го влечел неколку метри со возилото, косовски државјанин побегнал при царинска контрола на ГП Блаце
Синоќа околу 22:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на ул. „Јадранска магистрала“ во Скопје, го лишија од слобода косовскиот државјанин Р.Е. (24). Претходно, на Граничниот премин Блаце, додека царински службеник вршел преглед на неговото патничко возило „бмв“ со косовски регистарски ознаки, Р.Е. го стартувал возилото, го оттурнал и го влечел неколку метри царинскиот службеник …
Continue Reading
Татко физички и психички ги малтретирал малолетните деца во Кисела Вода
Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од Скопје. Полицијата постапила по претходна пријава од неговата поранешна 36-годишна сопругa, дека во временски период од 2023 до 03.07.2026, тој физички и психички ги малтретирал нивните малолетни деца. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
Continue Reading
Внукот го претепал и му се заканувал на 74-годишниот дедо: му барал пари а не ги добил
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Имено, на 21.06.2026 пријавениот во семејниот дом во Кочани физички го нападнал неговиот 74-годишен дедо, откако претходно му побарал пари, но не ги добил, а потоа му упатувал ѝ закани.
Continue Reading
Измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити: уапсени две кумановки
Полициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава и тоа, против А.С.Д. поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“ по чл.247 ст.4 од КЗ и „злоупотреба на лични податоци“ по чл. 149 ст.1 од КЗ и против …
Continue Reading
Прегазена жена во Велес: со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во СВР Велес е пријавено дека во 09:20 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(41) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка, удрило во 76-годишната Љ.Н. од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., констатирани во Општа болница Велес. По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна …
Continue Reading
Измамена жена од Прилеп: по комуникација преку социјални мрежи дала околу 700.000 денари
Вчера во 14:30 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријави дека во февруари оваа година почнала комуникација со лице преку социјални мрежа, по што тоа и побарало пари, наводно за лечење на неговото болно дете. Пријавителката во неколку наврати му дала вкупно околу 700.000 денари, но подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Continue Reading