Кривична против 38-годишник: украл керамички сад од археолошкиот локалитет „Муталово”

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 38-годишниот Д.С. од село во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природна реткост“. Пријавениот од археолошкиот локалитет „Муталово”, атар на село Алгуња, општина Старо Нагоричане, противправно присвоил керамички сад (питос) – предмет кој е културно наследство, и го …

Continue Reading

Кривична против кумановец: пијан вршел психичко и физичко насилство врз членовите од неговото семејство

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 56-годишниот П.Ц. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144, став 3 од КЗ. Пријавениот, подолг временски период, под дејство на алкохол, вршел психичко и физичко насилство врз членовите од неговото семејство, а на 11.07.2026 година психички ја малтретирал својата сопруга и се обидел физички …

Continue Reading

Уапсен Александар Лазаров кој избега од полициска станица во Кочани

Полицијата го уапси Александар Лазаров, осомничен за трговија со дрога, кој минатата недела избега од полициската станица во Кочани. По него беше распишана меѓународна потерница. „На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) …

Continue Reading

Кривична за поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево: ја злоупотребил функцијата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 13.07.2026 поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево. Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ. С.С. како службено лице – директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил …

Continue Reading

Почина 28-годишен маж од Дебарско: се повредил при сеча на дрва

Вчера во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од с.Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите, а смрт без траги на насилство констатирал доктор …

Continue Reading

Со 30 убоди со нож, син го усмрти сопствениот татко во Скопје

Триесетгодишен маж со 30 убоди го усмртил сопствениот татко. Против него е отворена истрага за кривично дело убиство. „Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе …

Continue Reading

Уапсен малолетник кој украл пари и предмети од црква во Тетово

Вчера вечер на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово уапсија 16-годишник од Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во црквата „Св. Богородица“ во Тетово. Тој, истиот ден околу 21:10 часот, одзел пари и предмети од црквата. Известен е јавен обвинител и во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, со …

Continue Reading

Опожарено возило во Карпош, огнот зафатил уште две други возила и деловен објект

На 13.07.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг“, сопственост на С.С. и деловен објект, сопственост на Г.Л.. Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата …

Continue Reading

Паднал од електричен тротинет: тешко повреден маж од Кавадаречко

Во ОВР Кавадарци вчера било пријавено дека околу 22:00 часот на улица „Маршал Тито“ во село Сопот, кавадаречко, И.А.(43) од с.Сопот, управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.А., констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Continue Reading