Загина 54-годишен маж од Прилепско: се превртел со тракторот


depositphotos_445933998_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор, претходно управуван од М.Т.(54) од с.Канатларци.


Од здобиените повреди, М.Т.  починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп.

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK