Татко и син чувале пет килограми марихуана дома, 23-годишник криел амфетамин и ЛСД во подрум

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведуваат истражни постапки против вкупно четири лица кај кои во текот на викендот беа откриени одредени количества наркотична дрога, со што беа исполнети елементите на кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во првата истрага се опфатени …

Continue Reading

Двајца синови осомничени за семејно насилство врз мајките во Скопје, поведени постапки

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица за кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство врз сопствените мајки. Во првиот случај, осомничениот 34-годишник, на 25 јули во вечерните часови, барал пари од неговата мајка. Кога жената му кажала дека нема од каде да му даде, …

Continue Reading

Кривични пријави за узурпација на државно земјиште и бесправно градење во Дебар и Кичево

Полицијата поднесе две кривични пријави против физички лица и еден правен субјект поради сомнение за узурпација на државно земјиште и бесправно градење во Дебарско и Кичево. Според Министерството за внатрешни работи, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.А. (42) од селото Џепиште, кој во текот на мај годинава на државна катастарска парцела без одобрение од надлежен орган поставил бетонска подлога …

Continue Reading

Млад штипјанец паднал од прозорец на „ауди“ во движење

Дваесет и едногодишен штипјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од отворен прозорец на автомобил во движење. Несреќата се случила околу 1:35 часот на крстосницата меѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Солидарност“ во Штип. Автомобилот „ауди“ со штипски регистарски ознаки го управувал 22-годишниот Б.С. од Штип. Повредениот Н.А. (21) бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде што му …

Continue Reading

Жена со четирицикл се превртела на патот кон Пелистер

Четириесет и едногодишна битолчанка се здобила со тешки телесни повреди откако изгубила контрола над четирицикл и се превртела на регионалниот пат Битола – Пелистер. Сообраќајната незгода се случила на 26 јули околу 14:45 часот. Повредената била пренесена во болницата во Битола, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.

Continue Reading

Словенец заврши во притвор во Охрид откако ја нападнал својата девојка

Дваесет и осумгодишен државјанин на Словенија е приведен и му е одреден осумдневен притвор поради сомнение дека физички ја нападнал својата 21-годишна девојка во Охрид. Полицијата го провела на 26 јули околу 6:30 часот, постапувајќи по пријава дека во станот каде што престојувале во Охрид агресивно се однесувал и ја нападнал девојката. По постапка пред Основниот суд во Охрид, на …

Continue Reading

Малолетник со нерегистриран мопед без возачка дозвола учествувал во сообраќајка

Шеснаесетгодишен малолетник од Гостивар бил приведен откако управувал нерегистриран мопед без положен возачки испит и учествувал во сообраќајна незгода. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во неделата околу 23 часот на улицата „Браќа Блажевски“ во Гостивар. Од полицијата информираат дека мопедот му бил одземен, а по целосно документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесена соодветна …

Continue Reading

Скопјанец нападнат од тинејџер на бензинска пумпа во Чаир

Педесет и осумгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од 17-годишник на бензинска пумпа на подрачјето на Чаир. Инцидентот се случил на 26 јули околу 21:05 часот, по претходно недоразбирање меѓу двајцата. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Continue Reading

Струмичанец подметнал пожар на трактор и автомобил

Полицијата поднесе кривична пријава против струмичанец за подметнување пожари на трактор и патничко возило, сопственост на две лица од Струмица. Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против В.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“. На 25.07.2026 околу 22:00 часот и на 26.07.2026 околу 01:00 часот во Струмица, пријавениот подметнал пожари …

Continue Reading