(Видео) Полицијата најде кокаин во Скопје, го криеле под бебешко мече

Денеска од страна на Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај С.Б.(23) од село Брест, скопско. При претресот пронајдена е поголема количина кокаин. С.Б. е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба по член 215 од Кривичниот …

Continue Reading

Пожар зафати куќа во Скопје, изгоре дел од покривот

Пожар избувнал во семејна куќа на булеварот „Словенија“ во Скопје, при што била зафатена кровната конструкција, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, случајот бил пријавен на 25 јули во 14:17 часот. Опожарена била куќа во сопственост на Б.М. (84) од Скопје. На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го локализирала и изгаснала пожарот. …

Continue Reading

Ја фатил мајка му низ прозорецот од автомобилот и ја влечел 20 метри

Дваесет и четиригодишен жител на скопско село во општина Петровец е приведен под сомнение дека со автомобил ја влечел својата 42-годишна мајка, при што таа се здобила со повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, инцидентот се случил на 25 јули околу 18:50 часот. Осомничениот, управувајќи патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, преку отворениот прозорец ја фатил својата …

Continue Reading

Петгодишно дете тешко повредено во несреќа со четирицикл, кумановка изгубила контрола и се превртеле

Кумановка возела 5-годишо дете на четирицикл, изгубила контрола, се превртеле, при што детето е тешко повредено. „На 25.7.2026 година околу 20:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница меѓу улиците Козјачка и Велко Стаменковски во селото Доброшане, кумановско, 30-годишната С.П. од с. Доброшане, управувајќи четирицикл со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и се превртела на коловозот. Во несреќата …

Continue Reading

Осум лица уапсени во акција на полицијата, пронајдена дрога во Скопје и Тетово

Осум лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие во одделни полициски акции спроведени во Скопје и тетовско, откако кај нив била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во Скопје, на повеќе локации, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Ј.Ч. (47), А.Б. (19), Ф.Р. (27), Н.К. (19), М.О. (26), сите од Скопје, како и В.М. (35) …

Continue Reading

На Клиника почина 16-годишно момче, му се слошило седејќи на гости

Тинејџер на 16 годишна возраст од скопското село Кондово починал откако му се слошило за време на посета на роднини во селото Сингелиќ, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според објавата на МВР, дечкото заедно со неговата мајка кратко по пристигнувањето во Сингелиќ изгубил свест и бил пренесен на скопските клиники, каде кратко време по приемот починал. – На 25.07.2026 во …

Continue Reading

И се заканувал на 71-годишната мајка, па ја нападнал со остри предмети

Вчера во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Б.(42) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 71-годишна мајка дека во семејниот дом, по кратка расправија, ѝ се заканувал и ја нападнал со остри предмети, по што ѝ нанел расекотина на раката, а потоа фрлал и кршел предмети во домот. Тој бил задржан во полициска …

Continue Reading

Возач со германски мерцедес не застанал и удрил полицаец

На 24.07.2026 во 16:50 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.А.(53) од с.Стримница, тетовско. Пријавениот, управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, и со возилото удрил полициски службеник. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на …

Continue Reading

Американец најден починат во хотелска соба во Скопје

Вчера околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во соба од хотел на подрачјето на Центар бил најден починат Р.Р.Ц.(43) од САД. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи  траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Continue Reading