Малолетник со нерегистриран мопед без возачка дозвола учествувал во сообраќајка


policija-foto-mvr.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шеснаесетгодишен малолетник од Гостивар бил приведен откако управувал нерегистриран мопед без положен возачки испит и учествувал во сообраќајна незгода.


Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил во неделата околу 23 часот на улицата „Браќа Блажевски“ во Гостивар.

Од полицијата информираат дека мопедот му бил одземен, а по целосно документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK