Кривична пријава против жител на струшко за бесправна сеча на дрва
Полицијата поднесе кривична пријава против жител на струшко за бесправна сеча на дрва во селото Подгорци. Според информациите на СВР Охрид, поднесена е кривична пријава против Р.А.(45) од струшкото село Подгорци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шуми“ и „кражба“. На 16.10.2026 заеднички патроли од полициски службеници од ОВР Струга и Шумската полиција од Струга, извршиле …
Continue Reading
Кривична против скопјанец: на Фејсбук објавувал епизоди од серија за кои немал авторски права
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе Кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против 46-годишниот Ј.К. од Скопје за сторени кривични дела „повреда на авторско право и сродни права“ и „пиратерија на аудиовизуелно дело“, по член 157 и член 157 – б од Кривичниот Законик. Имено, пријавениот Ј.К, во 2024 година како администратор на Фејсбук страница незаконски и …
Continue Reading
Син претепал татко, закани, физички напади врз жени: регистрирани повеќе случаи на семејно насилство
Во ОВР Берово вечар во 15:30 часот, 43-годишна жена од Берово пријави дека во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Д. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. Истиот ден во Кочани во 18:30 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Ј.(67) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата …
Continue Reading
Прегазен скопјанец: со тешки повреди пренесен во болница
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица која го поврзува паркинг просторот со ул. „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 48-годишниот З.Б. од Скопје управувајќи патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот А.О.(57) од Скопје. Според полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена …
Continue Reading
Три лица тешко повредени во сообраќајка во Скопје: едно од возилата го управувал малолетник
Во СВР Скопје вчера во 04:20 часот било пријавено дека на крстосницата од ул. „Борис Трајковски“ и ул. „1519“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник од с. Горно Количани, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од 45-годишната Ј.К.Д. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни …
Continue Reading
Со товарно возило прегазено 6-годишно дете во Скопје
Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „362“ во Скопје, 48-годишниот М.С. од Скопје управувајќи товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрило во 6-годишно дете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Полицијата соопшти дека е извршен увид од …
Continue Reading
Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, уапсен 27-годишник
Вчера, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода 27-годишниот А.С. од Прилеп, извести МВР. При извршен претрес во неговиот дом и помошните простории во Прилеп, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.
Continue Reading
Татко и се заканувал на 21-годишната ќерка
Синоќа во 19:55 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода А.К.(49) од Свети Николе. Полицијата постапила по претходна пријава дека по кратка расправија во семејниот дом, тој и се заканувал на неговата 21-годишна ќерка. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.
Continue Reading
Им нудел помош за да им извади пари од банкомат па им крадел дел од сумата: приведен маж од Кумановско
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 10:30 часот, го привеле М.З.(50) од село Пчиња, кумановско. Тој бил забележан пред банка на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово при извршување на кривично дело „затајување“, односно на оштетените граѓани им нудел помош за да им извади пари од банкомат, но искористувајќи го нивното невнимание тој земал дел од парите. По целосно …
Continue Reading