Камион со приколка излетал од патот Прилеп – Градско и удрил во заштитната ограда, возачот тешко повреден
Тешка сообраќајна несреќа се случила на експресниот пат Прилеп – Градско, откако камион со приколка излетал од коловозот и удрил во металната заштитна ограда. Возачот се здобил со тешки телесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 6 ноември, во 20:40 часот, во ОВР Кавадарци. Во несреќата учествувало влечно возило „ман“ со приколка и скопски …
Continue Reading
Маж пронајден починат на улица во Гостивар, телото е дадено на обдукција
Тело на 58-годишен гостиварец било пронајдено на улицата „Беличица“ во Гостивар. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а при интервенцијата не биле забележани видливи траги на насилство, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, на 6 ноември, околу 19:50 часот, Итната медицинска помош од Гостивар пријавила во СВР Тетово дека добила повик за укажување лекарска помош на …
Continue Reading
Радовишанец се заканувал по телефон на вработени во странска амбасада
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против 37-годишниот Ѓ.Н. од Радовиш, осомничен за загрозување лица под меѓународна заштита, откако телефонски упатил сериозни закани кон вработени во амбасада на странска држава во Македонија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 4 ноември 2026 година пријавениот телефонски се јавил во амбасадата и на странски јазик им се заканувал на …
Continue Reading
Пукано во автомобил во движење на патот Дебреште – Врапчиште
Инцидент со употреба на огнено оружје бил пријавен на локалниот пат меѓу гостиварските села Дебреште и Врапчиште, откако во автомобил во движење бил забележан проектил, а на возилото биле констатирани оштетувања. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 6 ноември, околу 22:40 часот, 28-годишниот Е.Ј. од Гостивар пријавил кривично дело „предизвикување општа опасност“ во Полициското одделение Галате. Во пријавата …
Continue Reading
Охриѓанец приведен, при претрес во домот пронајдени три пакувања бела прашкаста материја
Полициски службеници од СВР Охрид на 7 ноември го лишиле од слобода 49-годишниот Б.Н. од Охрид, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени три пакувања со бела прашкаста материја и пари. Претресот бил извршен со судска наредба, при што биле одземени пронајдените предмети. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Continue Reading
Уапсен гостиварец: ја принудувал својата 80-годишна мајка на питачење, поднесена кривична за „трговија со луѓе“
Денеска, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став …
Continue Reading
Прегазен пешак во Скопје
Во СВР Скопје вчера во 15:00 часот е пријавено дека на ул„Дижонска“ во Скопје, Б.Л.(36) од Скопје управувајќи товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.М.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 68-годишниот пешак, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа …
Continue Reading
За пари и сексуален однос и се заканувал дека ќе испрати експлицитни фотографии на семејството
Вчера во 09:50 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.С.(36) од Скопје. Полицијата постапила по претходна пријава од 29-годишна жена дека истиот и се заканувал дека ќе испрати нејзини слики со експлицитна содржина на членови од нејзиното семејство доколку не му дала пари и немала сексуален однос со него. По целосно …
Continue Reading
Уапсен 43-годишен кочанец осомничен за четири тешки кражби во домови
Полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.С. (43) од Кочани, поради сомнение дека во изминатиот период извршил четири тешки кражби во домови на подрачјето на градот, соопшти МВР. По судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени предмети што потекнуваат од кривичните дела. По целосно документирање на случаите, против осомничениот ќе …
Continue Reading