Кривична пријава против жител на струшко за бесправна сеча на дрва


drvokradci.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата поднесе кривична пријава против жител на струшко за бесправна сеча на дрва во селото Подгорци.


Според информациите на СВР Охрид, поднесена е кривична пријава против Р.А.(45) од струшкото село Подгорци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шуми“ и „кражба“.

На 16.10.2026 заеднички патроли од полициски службеници од ОВР Струга и Шумската полиција од Струга, извршиле контроли на планинскиот појас над селото Подгорци при што го затекнале пријавениот, како во шумска катарстарска парцела во државна сопственост, врши бесправна сеча на немаркирано буково дрво со цел бесправно да го одземе.

Тој бил уапсен, а нелегално пресечената дрвна маса, предадена на Шумската полиција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK