22-годишен скопјанец ја претепал вонбрачната партнерка
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.А.(22) од Скопје. Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“. Имено, на 18.07.2026 во семејниот дом во село во општина Маврово и Ростуше, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал својата вонбрачна партнерка.
Continue Reading
18-годишник претепан во двор од средно училиште во Ѓорче Петров, му биле упатени и закани
Вчера во 13:30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје, во присуство на родител, извршија службен разговор со 17-годишник од Скопје. Полицијата постапила по претходна пријава дека во двор од средно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров физички го нападнал О.А.(18) од Скопје. Потоа заедно со неговите другари му упатиле и закани. По целосно документирање на …
Continue Reading
Скопјанка допирана по телото и вознемирувана во приватна здравствена установа
Скопјанка пријавила дека била допирана по телото во приватна здравствена установа. Имено синоќа во 20:40 часот во СВР Скопје, 29-годишната жена пријавила дека во приватна здравствена установа на подрачјето на Карпош, Д.Н. ја допирал по телото и ја вознемирувал. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Continue Reading
Напад во основно училиште во Охрид, пријавени две лица
Скопјанка пријавила дека била нападната од две лица во основно училиште во Охрид. Според информациите на СВР Охрид, вчера во 17:18 часот во полиција е пријавено дека во едно основно училиште во Охрид, А.И.(24) и Р.Р.(29), двете од Охрид, физички ја нападнале М.Ј.(37) од Скопје. „Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што против двете лица ќе биде …
Continue Reading
Тепачка меѓу малолетници во скопски Аеродром
Вчера во СВР Скопје 49-годишна жена пријавила дека на 31.10.2026 околу 21:45 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот малолетен син и негови двајца другари биле физички нападнати од неколку малолетници, од кои дел ги познавале. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Скопјанец ја пријавил сопругата дека го нападнала нивниот малолетен син
Синоќа околу 23:50 часот во СВР Скопје, 39-годишен маж пријавил дека неговата сопруга Д.Р.(34) од Скопје, со која биле во бракоразводна постапка, во домот на подрачјето на Ѓорче Петров физички го нападнала нивниот малолетен син. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Нападнати родители, сестра и малолетник – три нови случаи на семејно насилство
Три случаи на семејно насилство се пријавени во Куманово, Кочани и Гостивар, информира Министерството за внатрешни работи. Во Куманово, вчера (1 ноември), во 18:15 часот, полицијата уапсила 36-годишен маж од кумановско село, откако физички ги нападнал својот татко и сестра. Тој бил приведен во полициска станица и против него ќе следува соодветна пријава. Истиот ден, во Кочани била уапсена 45-годишна …
Continue Reading
Залутан куршум во скопско Побожје: маж слушнал удар во покривот, па го пронашол зрното
Залутано зрно од огнено оружје било пронајдено на тераса од семејна куќа во селото Побожје, во општина Чучер Сандево, откако сопственикот слушнал звук на покривот. Според информациите од МВР, вчера (1 ноември), во 16:50 часот, Д.Б. од селото Побожје пријавил во СВР Скопје дека слушнал звук на покривот од својата куќа, по што на терасата пронашол залутано зрно од огнено …
Continue Reading
22-годишен охриѓанец ја нападнал неговата мајка и други членови на семејството
Вчера во 16:40 часот на улица „Егејска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.Ј.(22) од Охрид. Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата мајка и други членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading