Телефонски ѝ понудиле каско осигурување, уплатила 200.000 денари, па сфатила дека е измамена
Триесет и петгодишна скопјанка пријавила дека била измамена за околу 200.000 денари откако поверувала во понуда за каско-осигурување. Според МВР, жената на 13 август во СВР Скопје пријавила дека во текот на јули телефонски била контактирана од женско лице, кое ѝ понудило каско-осигурување за нејзиното патничко возило, со ветување дека за возврат ќе добие поголема сума, односно премија. Откако во …
Continue Reading
Турнал 79-годишна скопјанка на земја и ѝ го украл накитот
Седумдесет и деветгодишна скопјанка пријавила дека била нападната и ограбена пред продажно место во скопската населба Карпош. Според МВР, жената на 14 август во 20:20 часот пријавила дека претходниот ден околу 17:50 часот, едно лице со употреба на физичка сила ја турнало на земја и ѝ одзело личен накит. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Татко пријавил дека ќерка му била нападната со пластично шише, па родителите на малолетниците го пријавиле него
Случај со малолетници во Кисела Вода прераснал во физички пресметки меѓу нивните родители, по што полицијата го расчистила настанот. Според МВР, 35-годишен скопјанец на 14 август пријавил дека претходната вечер околу 21:30 часот, на игралиште во Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната со пластично шише од двајца малолетници. Откако родителите пристигнале на местото, малолетниците се разбегале во двор …
Continue Reading
14.440 евра без докажано потекло пронајдени во возило кај Бучим, 35-годишник заврши во притвор
Полицијата пронашла 14.440 евра во различни апоени при преглед на автомобил на магистралниот пат Радовиш–Штип, по што бил лишен од слобода 35-годишен жител на Бучим. На 13 август, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го запреле возилото „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.В. (35) од село Бучим, на крстосницата за селото. За М.В. претходно била изречена …
Continue Reading
Палеле пожари среде ноќ: Двајца фатени на дело во Битола и Прилеп
Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил …
Continue Reading
Уапсени еден македонски и еден косовски државјанин во Солун: запленети 324 килограми марихуана
Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група, која Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, ја реализира во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во рамките на меѓународната соработка со надлежните служби за борба против недозволена трговија со дрога од Косово и Грција. Како резултат на повеќемесечната координирана …
Continue Reading
Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар
Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13 август во 19 часот во СВР Скопје, 45-годишниот М.Г. од Скопје пријавил дека околу 15:15 часот, на подрачјето на Центар, пред пешачки премин, женско лице кое управувало патничко возило физички ја нападнало неговата 15-годишна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување …
Continue Reading
МВР: Бебе паднало на асфалт откако мајката ја превртела количката, пријава против двајцата родители
СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во Општина Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело запуштање и малтретирање на дете. Според информациите од полицијата, на 14 јуни во Тетово, второпријавениот, кој бил под дејство на алкохол, ја напуштил првопријавената на улица со нивното тримесечно бебе. Потоа, првопријавената ја …
Continue Reading
Скопјанец измамил 62-годишник за над 7.000 евра, па го нападнал и му се заканувал
Полицијата вчера го лишила од слобода 37-годишниот О.С. од Скопје, по пријава за измама, физички напад и закани кон 62-годишен скопјанец. Од МВР информираат дека полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го уапсиле О.С. на 13 август во 13:45 часот. Претходно, 62-годишниот скопјанец пријавил дека О.С. во неколку наврати го измамил за сума од над 7.000 …
Continue Reading