Едно лице тешко повредено, две со телесни повреди во сообраќајка кај Кичево
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што вчераутро се случила на магистралниот пат Кичево–Гостивар, во близина на кичевското село Колари. Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 13 август во 7:50 часот во ОВР Кичево, а во неа учествувале товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Д.К. од Скопје, и патничко возило „ауди“ со кичевски …
Continue Reading
15-годишник тешко повреден во сообраќајка во Охрид
Петнаесетгодишник од Охрид е тешко повреден во сообраќајна несреќа што вчера се случила на улицата „Јабланица“ во Охрид. Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 13 август во 14:40 часот во СВР Охрид, а во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.Ј. од село Калишта, Струшко, и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван …
Continue Reading
Загина 19-годишно девојче во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан
Полицијата уапси струмичанец кој возел со 1,75 промили алкохол во организмот и учествувал во сообраќајна несреќа во која загина 19-годишна сопатничка на мотоцикл. Вчера во СВР Струмица е пријавено дека околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атар на с.Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано …
Continue Reading
Работник загина откако бил прегазен од виљушкар во фирма во Аеродром
Шеесет и петгодишен работник од Скопје загина во несреќа на работното место во општина Аеродром. Случајот бил пријавен вчера околу 12:25 часот во полицијата од екипа на Итната медицинска помош, од каде било известено дека во круг на фирма има починато лице. Според пријавеното, В.Н. (65) од Скопје извршувал работни задачи кога бил прегазен од виљушкар, кој претходно сам се …
Continue Reading
62-годишен кавадарчанец починал откако врз него паднало дрво на Кожуф
Вчера во 10:47 часот во СВР Струмица било пријавено дека на планината Кожуф, додека Д.Т. (62) од Кавадарци, вработен во Шумско стопанство Гевгелија, сечел дрва, едно од дрвјата паднало врз него. Од здобиените повреди тој починал, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Continue Reading
Грузиски државјанин пронајден мртов во Охридското Езеро кај Пештани
Вчера во 14:32 часот во СВР Охрид било пријавено дека од водите на Охридското Езеро, кај Пештани, бил извлечен давеник. Екипа на Итната медицинска помош констатирала дека лицето починало, при што немало видливи повреди. Утврдено е дека станува збор за Б.Д. (46) од Грузија. На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено …
Continue Reading
Маж од Делчевско ја нападнал и заклучил мајка му, имал 3,08 промили алкохол
Полицијата во Делчево го приведе А.З. (40), откако било пријавено дека во семејниот дом во делчевско село повеќепати физички ја напаѓал својата 59-годишна мајка и ѝ се заканувал. Според пријавеното, вчера во текот на денот тој агресивно се однесувал кон мајка му и ја заклучил во соба. При преземањето мерки, полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол. Кај …
Continue Reading
МВР со кривична за 52-годишна Словенка: со туѓа картичка направила 47 интернет-трансакции во вредност од речиси 100 илјади денари
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.Г. (52) од Словенија поради сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Според пријавата, во периодот од 23 до 27 октомври 2025 година, пријавената неовластено користела банкарска картичка во сопственост на друго лице. Со картичката, преку интернет апликација, таа извршила 47 трансакции во вкупна вредност …
Continue Reading
Физичка пресметка меѓу четворица во Кисела Вода: причина бил напад врз малолетно девојче
Вчера во 20:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Ѓ.(43) и Р.Ѓ.(42) од една страна и А.С.(32) и С.З.(34) од друга страна, сите од Скопје. Според пријавеното, причина за физичката пресметка било тоа што претходно А.С. физички ја нападнал малолетната ќерка на Н.Ѓ. и …
Continue Reading