Влегол кај девојката, ѝ го скршил телефонот, па ја тепал

Триесет и седумгодишен гостиварец е лишен од слобода откако прво вербално ја нападнал својата 32-годишна девојка во нејзиниот дом, а потоа ѝ го одзел и искршил мобилниот телефон и физички ја нападнал пред зградата. Инцидентот се случил на 15 август околу 23:20 часот, кога полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода И.Д. (37) од Гостивар. Според пријавеното, …

Continue Reading

Заталкани куршуми оштетиле гаража и завршиле во двор во Драчево и Студеничани

Два одделни случаи со заталкани зрна од огнено оружје биле пријавени во СВР Скопје во текот на вчерашната вечер, при што во едниот случај било оштетено покривното платно на гаража. Во 20:45 часот, 39-годишниот С.Ј. од Скопје пријавил дека во близина на неговата куќа, на подрачјето на Драчево, пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Само 25 минути подоцна, во 21:10 …

Continue Reading

Со остар предмет се заканувал на вработена во обложувалница, 20-годишник приведен во Бит Пазар

Дваесетгодишен скопјанец е лишен од слобода откако, според пријавата, со остар предмет се обидел да ограби вработена во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар. На 15 август, околу 19:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А. (20) од Скопје, по претходна пријава дека во обложувалницата ѝ се заканувал на вработената со остар предмет со намера …

Continue Reading

Тешко повредени тројца српски државјани во сообраќајка кај Битола

Тројца српски државјани се здобиле со тешки телесни повреди, а две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на патот Битола–Прилеп, кај местото викано „Петилеп“. Несреќата била пријавена во 17:09 часот во СВР Битола, а во неа учествувале патничко возило бмв со српски национални ознаки, управувано од 46-годишниот Б.С. од Белград, и патничко возило опел …

Continue Reading

Експлозивна направа фрлена кон куќа во Бардовци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска експлозивна направа била фрлена кон куќа во Бардовци и предизвикала штета. Како што соопшти полицијата, околу 02:35 часот, К.Б.(70) од Скопје пријавил дека во скопското село Бардовци, кон домот бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија и направил оштетување на скалите од влезот на куќата. – Направил оштетување на скалите од влезот на куќата, …

Continue Reading

Ја принудувал сопругата на сексуални односи

Полицијата во Гостивар привела 45-годишен маж по пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, а дополнително биле пријавени и други форми на насилство што, според пријавата, траеле подолг период. МВР соопшти дека денеска полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода И.Т. (45) од Гостивар. По пријавата за физички напад врз сопругата, кај него било измерено присуство …

Continue Reading

Семејна веселба се претвори во тепачка – петмина приведени во Броштица

Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода пет лица, сите жители на село Броштица, Општина Центар Жупа, поради физички напад врз лице од село Могорче. -Денеска во 00:20 часот од страна на полициски службеници  лишени се од слобода А.В.(19), Н.В.(53), А.В.(50), С.В.(32) и Р.Н.(19) сите од село Броштица, Центар Жупа, информираа од Секторот за внатрешни работи-Охрид. …

Continue Reading

Скопјани од Карпош се скарале за куче, па се испотепале

Недоразбирање околу домашен миленик – куче, прераснало во физичка пресметка меѓу двајца скопјани во скопски Карпош. Како што информира МВР, вчера, 14 август, во 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу 67-годишниот В.К. и 27-годишниот А.Н., двајцата од Скопје. Според пријавеното, настанот следел по претходно …

Continue Reading

Татко му се заканувал на синот со остар предмет

Педесет и двегодишен жител на Тетово е лишен од слобода по пријава дека му упатувал закани на својот 26-годишен син. Според МВР, полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода Ш.И. на 14 август околу 23 часот, на улицата „Илинденска“ во Тетово. Претходно, неговиот син А.И. пријавил дека татко му му упатувал вербални закани со остар предмет. Ш.И. …

Continue Reading