Скопјанец измамил 62-годишник за над 7.000 евра, па го нападнал и му се заканувал


Depositphotos_1644508_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата вчера го лишила од слобода 37-годишниот О.С. од Скопје, по пријава за измама, физички напад и закани кон 62-годишен скопјанец.


Од МВР информираат дека полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го уапсиле О.С. на 13 август во 13:45 часот.

Претходно, 62-годишниот скопјанец пријавил дека О.С. во неколку наврати го измамил за сума од над 7.000 евра, ветувајќи му дека ќе посредува за царинската документација потребна за внесување патничко возило од странска земја.

Откако ги зел парите, осомничениот почнал да го избегнува оштетениот. Кога 62-годишникот сфатил дека е измамен и ги побарал назад парите, О.С. физички го нападнал и во неколку наврати му упатувал закани.

По целосното документирање на случајот, Единицата за насилен криминал ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK