На 07.09.2026 во 09:35 часот во ОВР Виница, од Општа болница Кочани е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 68-годишниот З.С. од Берово.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи за правно лице во Виница.
Како што е пријавено, при истовар на глина со товарно возило „ман“ во депонија за глина во кругот на правното лице, возилото се превртело и тој се здобил со повредите. Извршен е увид и за настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор.