Тешко повредено деветгодишно дете по сообраќајка меѓу возило и електричен тротинет

Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица и регионален пат Скопје-Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(67) од с.Арнакија, општина Сарај и електричен тротинет, управуван од деветгодишно дете од с.Арнакија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар …

Continue Reading

Уапсени две лица од гостиварско за организирање борби на кучиња

Полицијата уапси две лица од гостиварско за организирање борби на кучиња, следува соодветна пријава. Синоќа во 01:30 часот, полициски службеници ги уапсија Г.Ј.(44) од село Топлица и А.А.(46) од селото Чегране поради основано сомневање дека сториле кривично дело „мачење животни“. Според информациите на МВР, претходниот ден околу 23:45 часот на влез во селото Топлица, полициски службеници од Полициското одделение Галате …

Continue Reading

Скопјанец сакал да смири тепачка, завршил со убодна рана

Утрово во 01:27 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај „Фонтана“ на подрачјето на Центар во Скопје има повредено лице со остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Н.Н.(24) од Скопје со двајца негови другари, кој изјавил дека на местото настанала физичка пресметка помеѓу неколку лица и тој се обидел да ги раздели, при што едно …

Continue Reading

Штипјанец ја нападнал мајка си, тетовка ја претепала свекрвата: неколку случаи на семејно насилство

Вчера во 16:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.Ѓ.(51) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна поранешна сопруга дека физички ја нападнал на улица „Маршал Тито“ во Неготино. Според пријавеното, потоа пред неговиот дом физички ја нападнал и неговата 19-годишна ќерка и ѝ се заканувал. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил …

Continue Reading

(Видео) Голема акција на Богородица: Запленети 5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, приведен возачот на камионот

Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари. Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење. …

Continue Reading

Татко и син чувале пет килограми марихуана дома, 23-годишник криел амфетамин и ЛСД во подрум

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведуваат истражни постапки против вкупно четири лица кај кои во текот на викендот беа откриени одредени количества наркотична дрога, со што беа исполнети елементите на кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во првата истрага се опфатени …

Continue Reading

Двајца синови осомничени за семејно насилство врз мајките во Скопје, поведени постапки

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица за кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство врз сопствените мајки. Во првиот случај, осомничениот 34-годишник, на 25 јули во вечерните часови, барал пари од неговата мајка. Кога жената му кажала дека нема од каде да му даде, …

Continue Reading

Кривични пријави за узурпација на државно земјиште и бесправно градење во Дебар и Кичево

Полицијата поднесе две кривични пријави против физички лица и еден правен субјект поради сомнение за узурпација на државно земјиште и бесправно градење во Дебарско и Кичево. Според Министерството за внатрешни работи, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.А. (42) од селото Џепиште, кој во текот на мај годинава на државна катастарска парцела без одобрение од надлежен орган поставил бетонска подлога …

Continue Reading

Млад штипјанец паднал од прозорец на „ауди“ во движење

Дваесет и едногодишен штипјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од отворен прозорец на автомобил во движење. Несреќата се случила околу 1:35 часот на крстосницата меѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Солидарност“ во Штип. Автомобилот „ауди“ со штипски регистарски ознаки го управувал 22-годишниот Б.С. од Штип. Повредениот Н.А. (21) бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде што му …

Continue Reading