Сопружници измамени за 824.000 денари, мислеле дека им се јавува адвокатка и ќе купат стан на лицитација, парите ги дале на рака
Дваесет и четиригодишна жена пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле измамени од жена за сума од околу 824.000 денари. Според пријавеното, таа се претставила како адвокат и сопственик на фирма од Битола и ги довела во заблуда дека ќе им овозможи да купат стан кој бил на лицитација со учество од 30 отсто од вкупната сума на чинење на …
Continue Reading
Автомобил излета од патот кај Градско, тешко повредена 70 годишна жена
Вчера на експресниот пат Дреново–Градско, во близина на приклучокот за автопатот Градско-Велес, автомобил со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(74) од Прилеп, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Љ.А.(70) од Прилеп, додека со телесни повреди се здобил возачот и другиот сопатник Ц.Б.(65) од Прилеп, констатирани во Општата болница во Велес Извршен бил увид.
Continue Reading
Вработената како референт од Куманово издавала и регистарски таблички без да изврши наплата, МВР со нови детали за случајот
Вработената како рефернт во Одделението за управни работи Куманово која одобрувала регистрација на возила без исполнување на техничките услови, го оштетила буџетот за 417.500 денари, соопшти МВР. Според новите детали од полицијата за овој случај, вработената со иницијали М.П. издавала регистарски таблици и платливи обрасци без да им изврши наплата, односно без да и бидат приложени уплатници за извршена уплата …
Continue Reading
Случаен минувач го нашол изгубеното 6-годишно девојче од Куманово, по грешка се качило во автобус за Скопје
Полицијата во Гази Баба го пронајде шестгодишното девојче од Куманово кое вчера од страна на неговата мајка беше пријавено за исчезнато. Од кумановската полиција информираа дека дека детето наместо во градски автобус во Куманово, влегло во автобус кој сообраќал до Скопје. Според информаците, детето кое го згрешило автобусот на враќање кон домот, било најдено од случаен минувач.
Continue Reading
Приведени 13 албански државјани во Охрид: немале дозвола за работа
Вчера во 13 часот, во близина на хотелски комплекс на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, приведоа 13 албански државјани. Тие претходно биле затекнати при изведување градежни активности, без да поседуваат соодветна дозвола за работа. Од преземените мерки, било констатирано дека тие, на 14.04.2025 година, оствариле легален влез во државата но, не …
Continue Reading
Насилство на фудбалски натпревар во Дебрца: нападнат фудбалер на гостинската екипа кој завршил во болница
Синоќа во селото Волино, општина Дебрца, полицијата го приведе С.Б.(43) од истото село. Тој, по завршување на фудбалски натпревар од Третата фудбалска лига во Волино, физички го нападнал Р.Н.(25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Пукано од автомобил во движење во Петровец
Синоќа во селото Петровец, од автомобил во движење, биле испукани неколку куршуми. Полицијата изврши увид на местото на настанот и подигнале седум чаури од гасен пиштол за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Тетовец не сакал да застане на полициски знак и со вратата удрил полицаец
Полицијата кривична пријава против Ш.Р.(32) од Тетово, поради сомнение за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. „На 29.01.2025 во Тетово, пријавениот со патничко возило „опел“ не застанал на даден знак за запирање од полициски службеници, при што со врата од возилото удрил полициски службеник“, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Continue Reading
Планинарот кој исчезна кај Велес е најден починат
Најден е починат планинарот Стојче Пецевски од Велес, кој синоќа исчезна на ридот ГРООТ. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информираше за смртта на планинарот, но засега нема информации за причините кои довеле до тоа. „Потрагата официјално ја водеше МВР а во текот на ноќта покрај членови на семејството во потрагата учествуваше и искусниот планинар и спасител …
Continue Reading