Водоводџија почина во куќа во Карпош додека вршел поправки

Седумдесет и шестгодишниот водоводџија М.Т. од Скопје почина во куќа во Карпош додека извршувал поправки. Лекар од Итната медицинска помош констатира смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, објави МВР во дневниот полициски билтен.

Continue Reading

Пожар во угостителски објект во Центар

Денеска околу 03 часот во полицијата било пријавено дека бил опожарен угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје. „Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, информираа од МВР. Извршен бил увид.

Continue Reading

Дваесет и тригодишник од Скопје нападнал семејство, задржан е во станица

Утрово во 6 часот, во полицијата бил задржан Б.А.(23) од Скопје, по претходна пријава од 50-годишна жена од Скопје дека на 15 април околу 21 часот во двор од семејна куќа на подрачјето на Гази Баба, со остар предмет го нападнал нејзиното семејство, соопшти МВР во дневниот полициски билтен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Автомобил удри во пешак во Штип, 68-годишна жена тешко повредена

Вчера на улицата Пиринска во Штип, автомобил „форд фиеста“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.М.(35) од Виница, удрило во пешакот С.С.(68) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С. констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, објави МВР во дневниот полициски билтен.

Continue Reading

Уапсен битолчанец: при претрес во неговиот дом пронајдена дрога

Вчера во 16.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 38-годишниот В.Г. од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, извести МВР. В.Г. е приведен во Полициската станица Битола и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Управувал возило под дејство на алкохол и без возачка, па лажно се претставил како вработен во АНБ: уапсен 31-годишник од Крива Паланка

Денеска во 02.30 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 31-годишниот Б.Р. од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297 А од Кривичниот законик. Претходно, управувајќи патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, удрил во објект на бензинска пумпа на булеварот. Додека, по …

Continue Reading

Пронајдени седум мигранти од Египет, приведен криумчарот

Вчера во 20.00 часот на земјен пат во близина на мостот на Серменинска река во село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица лишиле од слобода малолетник од Скопје. При контрола во возило „хјундаи“, кое тој го управувал, а на кое имало скопски регистарски таблички кои припаѓале на друго возило, биле пронајдени седум …

Continue Reading

Добиле пријава за силување на дете, но не презеле ништо: кривична за директор и социјален работник во Македонски Брод

СВР Битола – ОВР Македонски Брод, до Oсновното јавно oбвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Р.С.(38) и К.В.(44), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ предвидено и казниво по член 364 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти полицијата. Првопријавениот, директор на Јавна установа Меѓуопштински …

Continue Reading

Бронзени бисти украдени од градските гробишта „Бутел“

Вчера во СВР Скопје, С.А.М.(47), С.Ш.(68) и М.Г.(69), сите од Скопје, пријавиле дека на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје, со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading