Полицијата во Гази Баба го пронајде шестгодишното девојче од Куманово кое вчера од страна на неговата мајка беше пријавено за исчезнато.
Од кумановската полиција информираа дека дека детето наместо во градски автобус во Куманово, влегло во автобус кој сообраќал до Скопје.
Според информаците, детето кое го згрешило автобусот на враќање кон домот, било најдено од случаен минувач.