Уапсени седум возачи на територија на СВР Тетово поради пребрзо возење, регистрирана брзина и од 193 км/час

Вчера полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар при СВР Тетово извршиле контрола за пречекорување на максималната дозволена брзина на движење, при што биле констатирани 128 прекршоци (ТЕ-67 и ГВ-61), извести МВР. За време на контролата по член 297А – безобѕирно управување на моторно возило од слобода биле лишени седум лица (ТЕ-5 и ГВ-2). …

Continue Reading

Полицијата го пронајде девојчето кое вчера се оддалечило од дома

Полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа малолетното девојче од село Кадино, скопско за кое вчера едниот родител во Полициска станица Петровец кажал дека се оддалечило од својот дом. Полициски службеници го пронашле девојчето заедно со родителот во село Илинден каде доброволно отишла кај нејзин познаник.

Continue Reading

Исчезнати две девојчиња на возраст од 10 и 15 години – се трага по нив

Две девојчиња на возраст од 10 и 15 години се исчезнати во Македонија. Од МВР информираа дека денес во 01.22 часот, маж од селото Кадино ја пријавил за исчезната својата 15 годишна ќерка. Вчера, пак, дедо пријавил дека ја бара исчезнатата внука, која има само 10 години. Овој случај бил пријавен во полицијата во Струмица. Од МВР велат дека се …

Continue Reading

Дете играјќи фудбал удрило со топка возрасна жена, го нападнала со метална шипка

Ужасен настан бил пријавен синоќа во полицијата. Мајка пријавила дека во двор од куќа на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот малолетен син додека играл фудбал со другарчиња, удрил со топка повозрасна жена. Таа потоа физички го нападнала со метална шипка, нанесувајќи му повреда на главата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Жена и 8-годишно дете во Кочани се повредени откако во нив удрил автомобил

На 11.04.2025 година во 07.34 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани, патничко возило „Мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.К.(29) удрило во двајца пешаци – С.М.(64) и едно 8-годишно дете, исто така од Кочани. – Притоа во несреќата С.М. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип, додека …

Continue Reading

Скопјанец најден починат во Центар

Синоќа во 22 часот било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат М.К.(39) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош Скопје констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Continue Reading

Вработен нападнал дете пред влезот на основното училиште во Чаир

Мајка на ученичка во основно училиште во Чаир, пријавила во МВР дека нејзината ќерка била нападната. „На 10.04.2025 во 23.10 часот во СВР Скопје Ќ.М.(34) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот пред влез на општинско основно училиште на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од едно вработено лице од училиштето“, велат од МВР. По целосно документирање …

Continue Reading

За еден ден со автомобили удрени тројца пешаци, едниот од возачите побегнал

Тројца пешаци биле удрени од автомобило во текот на вчерашниот ден во Скопје, Неготино и Кавадарци. Во 9 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата Владимир Комаров и Бојмија во Скопје, „цитроен“ управуван од 20-годишната  С.А. од Скопје, удрил во пешакот Е.Р.(33) од Кавадарци кој е тешко повреден. Во 14.45 часот било пријавено дека на крстосницата со улицата Никола …

Continue Reading

Приведен струмичанец затоа што возел под дејство на алкохол: му биле измерени 2,19 промили алкохол во крвта

Вчера во 19.45 часот на улица „Гоце Делчев “ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 51-годишниот Р.П. од Струмица. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени …

Continue Reading