Кривична против осуденик: во неговата соба во Затворот Струмица пронајдена марихуана
СВР Струмица поднесе кривична пријава против 25-годишниот Џ.А. од селото Нова Маала, струмичко, осуденик во Казнено поправната установа Затвор Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 27.11.2024 затворската полиција извршила претрес во соба на осуденикот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
Continue Reading
Сообраќајна несреќа во Гевгелија, тешко повредена скопјанка
Вчера во 21.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улицата „5 Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(25) од Гевгелија и патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Б.Е.(34) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.Б.Е., констатирани во Медицински центар …
Continue Reading
Проголтал опаковка со кокаин, па бил пренесен во болница во Охрид: кривична против 30-годишник
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишниот М.Ј. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик. Тој, на 07.03.2025 во 17.10 часот, од И.Д. од Охрид, набавил кокаин, по што бил пресретнат од полициските службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога. Притоа, М.Ј. со намера да …
Continue Reading
Насилство во Струшко: кршел во домот и бил агресивен со семејството
Вчера во 15.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека, Д.М. од струшкото село Враништа, во семејниот дом бил агресивен кон членовите на семејството и оштетил дел од покуќнината. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
50-годишник од Охрид повеќе пати силувал малолетничка која се породила во март оваа година
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишниот С.Т. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“. Тој, во текот на 2024 година во повеќе наврати сексуално злоупотребувал малолетничка од Охрид, која во март 2025 година се породила. На пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Continue Reading
Запален домот на Пандов (ВИДЕО)
-
Новинар
-
April 29, 2025
-
Вести, Хроника
-
0 Comments
“Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците! Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе …
Continue Reading
Радовишанец во воена униформа се шетал со пушка и пиштол низ градот
Жител на Радовиш облечен во воена униформа со пиштол и пушка се шетал низ градот. Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.У.(49) од Радовиш. Тој бил затекнат на ул. „Шаин маале“ во Радовиш како се движи во воена униформа и на себе имал ремен со пиштол, лисици и дрвена палка, а …
Continue Reading
Прилепчанец му го украл пиштолот на полицец додека го приведувал
Прилепчанец му го украл пиштолот на полицец додека го приведувал и избегал. Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од ОВР Прилеп, додека постапувале по наредба од Основен суд Прилеп за приведување на С.Ќ. на ул.„Дебарца” во населба Тризла во Прилеп, биле физички нападнати од С.Ќ., кој му го одзел службениот пиштол на еден од полициските службеници, и се дал во …
Continue Reading
Загина возач во Чаир, со автомобил удрил во камион
Седумдесет и петгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Чаир. Според информациите на МВР, вчера било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(75) од Скопје, удрило во товарно возило „фиат дукато“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано од Х.И.(60) од Куманово, кое по инерција од ударот удрило во …
Continue Reading