Грозоморен случај во Кичево: Старец силувал малолетничка

Седумдесет и двегодишен старец од Кичево е притворен под сомнение дека силувал малолетничка. Според информациите на СВР-Охрид, поднесена е кривична пријава против А.А. (72) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“ и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е спроведен во казнено поправната …

Continue Reading

Приведен возач од Тетово кој со „бмв“ возел 151 километар на час на место каде што е дозволено 80

Вчера на патот Гостивар-Тетово, кај клучката Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле Н.Р.(40) од селото Мала Речица, поради брзо возење. Од МВР велат дек управувал автомобил ,,бмв“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 километар на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 километри на час. Тој е задржан …

Continue Reading

Kриминалец oд Скопје фатен на границата со Грција, се барал со потерница за да лежи во затвор

Полицијата вчера го приведе 44-годишниот С.А. од Скопје, кој претходно се обидел илегално да ја премине државната граница. „При извршена проверка констатирано било дека за него била распишана потерница за издржување на затворска казна во траење од четири години и 10 месеци“, велат од МВР. Спроведен е во штипскиот затвор.

Continue Reading

Истрага против дилер на марихуана од Радовиш

Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Радовиш за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Осомничениот, во период од неколку месеци, од непознато лице набавил 80 пакувања марихуана со вкупна нето маса од околу 400 грама, која ја држел …

Continue Reading

Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун

Во координирана акција помеѓу РЦ за ГР Југ – ОПКМСР, ПС за ГН Михајлово, ОВР Неготино – НК за КР, Оддел за криминалистичка полиција при БЈБ и СВР Скопје, вчера (27.04.) во Неготино беа откриени и запленети 283 килограми тутун, спакуван во пакувања од по 450 грами, и притоа приведени се три лица осомничени за кривично дело по член 278 …

Continue Reading

Возило на АРМ исчезна од автосервис во Гази Баба

Возило во сопственост на АРМ, оставено на сервисирање во Гази Баба било украдено во текот на ноќта. Случајот во МВР го пријавил сопственикот на автосервисот. Се работи за товарно возило „ивеко дејли–фургон“, сопственост на македонската Армија. Украдени биле и регистарски таблички од патничко возило „мазда“ кое било оставено на сервис. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

14-годишно девојче нападнато од врснички во Аеродром

К.П.(41) од Скопје пријавила дека на 26  април во 20.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзината 14-годишна ќерка била физички нападната од две малолетнички, кои ги познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Скопјанец нападнат од сопругата во Аеродром, случајот пријавен во МВР

Тритесет и петгодишен маж од Скопје пријавил дека во саботата во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од неговата сопруга М.М.П.(36) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Continue Reading

Изгубил контрола врз тротинетот и паднал: тешко повреден скопјанец

Вчера околу 20.10 часот во СВР Скопје e пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, Б.Ј.(38) од Скопје, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading