По четири години поминати во бегство фатен затвореник од Идризово

Полицијата го приведе А.А. од Скопје, 54-годишен затвореник од Идризово, баран со централна и меѓународна потерница поради бегство од затворот. Тој бил осуден на казна затвор од 10 години и пет месеци за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, неовластено изработување, држење и тргување со оружје и фалсификување исправа. Му останале уште шест години и два месеци за …

Continue Reading

Кривична пријава за поранешен директор на јавното комунално претпријатие од Струмица

Полицијата поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица, поранешен директор на јавно комунално претпријатие од Струмица поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против Е.Н.(42), управител на правно лице од Струмица за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавениот З.Г., извршувајќи ја функцијата директор на јавно комунално претпријатие …

Continue Reading

Уапсен крадец од Кавадарци – крадел по куќи, викендици, продавници

Полицијата поднесе кривична пријава против О.В.(42) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои девет кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба”. Во периодот од септември 2024 година до јануари 2025, О.В., најчесто со употреба на сила и подесен алат, од викенд куќи, семејни домови, верски објекти и продажен објект, на подрачје …

Continue Reading

Малолетничка од Чашка повредена во сообраќајна несреќа

Вчера во 18.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од улицата „Илинденска“ со улицата „Коста Рацин“ во општина Чашка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н.(66) од Велес и електричен тротинет, управуван од малолетничка од Чашка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата …

Continue Reading

Тешко повреден мотоциклист: сообраќајна незгода на магистралниот пат Струмица – Радовиш

Вчера вечер во 21.45 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на „Градашорска крстосница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.У.(34) од Велес, а со престој во Струмица, и мотоцикл „јамаха“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од И.В.(53) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил …

Continue Reading

Со секира се обидел да ја нападне сестра си: кривична против 23-годишник од Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против 23-годишниот Б.С. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неизвршување на судска одлука“. На 10.04.2025 во Штип, пријавениот со секира оштетил врата во семејниот дом, обидувајќи се физички да ја нападне неговата сестра, а притоа постапил и спротивно на решение …

Continue Reading

Кривична против полицаец за кражба на струја

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово против С.Ш., вработен во Полициското одделение Матејче при СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а став 1 од КЗ. Имено, во временски период од 01.03.2024 година …

Continue Reading

Кривична против тетовец: ја истепал поранешната девојка, па барал да ја повлече пријавата против него

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 66-годишниот Д.К. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „демнење“. На 18.12.2024 пријавениот физички ја нападнал поранешната девојка и потоа постојано телефонски и се јавувал и барал да ја повлече пријавата што ја поднела против него, а на социјални мрежи објавувал нејзини фотографии.

Continue Reading

Кривична против осуденик: во неговата соба во Затворот Струмица пронајдена марихуана

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 25-годишниот Џ.А. од селото Нова Маала, струмичко, осуденик во Казнено поправната установа Затвор Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 27.11.2024 затворската полиција извршила претрес во соба на осуденикот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Continue Reading