Вчера вечер во 21.45 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на „Градашорска крстосница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.У.(34) од Велес, а со престој во Струмица, и мотоцикл „јамаха“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од И.В.(53) од Радовиш.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.