Дете нападнато на автобуска станица во Центар од четири лица

А.К.(44) од Скопје пријавила дека на 26 април околу 22.20 на автобуска постојка на подрачјето на Центар, нејзиниот 14-годишен син бил физички нападнат од четири лица, кои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко. За случајот, полицијата во Карпош ја алармирал родителот на момчето. Од МВР велат дека  преземаат мерки за  пронаоѓање на детето. Полицијата трага и по две девојчиња на возраст од 11 и 14 години, кои исчезнаа во Скопје.

Continue Reading

Исчезнаа две девојчиња од Скопје на возраст од 11 и 14 години, случајот пријавен во МВР

Две девојчиња на возраст од 11 и 14 години исчезнаа во Скопје. Случајот бил пријавен денес во полицијата во Шуто Оризари, од страна на родителите на девојчињата, објави МВР во дневниот полициски билтен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Continue Reading

Скопјанец имал сексуален однос со штитеник од установа за згрижување деца, МВР постапува

Jавна установа за згрижување на деца пријавила дека на 27 април во стан на подрачјето на Центар, Љ.П. од Скопје имал сексуални односи со 15-годишен штитеник на установата. Со малолетникот, во присуство на старател и воспитувач од установата, бил извршен службен разговор и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесено писмено известување до …

Continue Reading

Хаос во скопско казино: нападнат вработен оти не дозволил влез на малолетник, му дошле четворица

Вработен во скопско казино синоќа околу 2 часот бил нападнат од четири лица, откако не му допуштил влез на малолетник во казиното. „Дошле А.Б., Б.А. А.С. и уште едно лице, по што А.Б. физички го нападнал пријавителот. Исто така, А.Б. и А.С. со тврд предмет се заканувале кон пријавителот, неговиот брат и уште еден вработен во објектот“, информираа од МВР. …

Continue Reading

Кумановка украла туѓа картичка и трошела од парите по казина

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(41) од Куманово, поради оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. „На 5 март во приватна компанија во Индустриската зона Бунарџик, пријавената одзела туѓа платежна картичка и неовластено извршила трансакции во две казина во Куманово“. соопшти полицијата во дневниот полициски билтен.

Continue Reading

Прегазен пешак на автопатот Скопје-Тетово

Синоќа на автопатот Скопје-Тетово, автомобил „пежо 406“ со скопски регистарски ознаки, управуван од О.С.(37) од Скопје, удри во пешакот Ј.Р.(71) од селото Врапчиште, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ј.Р., констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза. Извршен бил увид.

Continue Reading

Шеестгодишна струмичанка удрена од електричен тритинет, се здоби со тешки повреди

На 30 април во 16.25 часот во полицијата во Струмица било пријавено дека во 14.55 часот на тротоар на булеварот Маршал Тито лице кое управувало електричен тротинет удрило во пешакот 62-годишната К.К. од Струмица. Таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Continue Reading

Приведен полицаец од Струмица кој пукнал во канцеларија додека проверувал пиштол

Полицијата го приведе нејзиниот колега, А.Б.(52),  кој се сомничи за предизвикување опшгта опасност. На 30 април во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службен пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот. За настанот биле запознаени началникот на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги …

Continue Reading