Приведен скопјанец, возел со 101 км/час на место каде е дозволено 40 км/час

Ноќеска во 00.44 часот полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода 56-годишниот А.Р. од Скопје. На регионалниот пат Р-1205 во село Пишица, пробиштипско, тој управувал патничко возило „фолксфаген“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 40 километри на час, во населено место. …

Continue Reading

Приведен криминалец баран со потерница

Денеска околу 13.35 часот во с.Арачиново, по претходно преземени оперативно тактички мерки, од страна на полициски службеници е лишен од слобода Ј.Б. (28) од с. Арачиново. Тој бил баран со централна потерница по наредба на ОЈО ГОКК Скопје во врска со кривично дело по член 258 ст.2 од КЗ и по чл.144 од КЗ. Ј.Б. е предаден на КПУ „Затвор …

Continue Reading

Mомче од Радовиш избодено во близина на локал, напаѓачот побегнал

Дваесет и деветгодишниот П.Б. од Радовиш бил избоден позади угостителски објект во градот. „Едно лице со остар предмет му нанело повреди на П.Б.. и го напуштило местото“, велат од МВР. Ова се случило синоќа околу полноќ, а момчето било хоспитализирано со повреди во Здравствениот дом Радовиш. Извршен е увид и  се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Приведен делчевец поради обљуба врз 14-годишно девојче

Во делчевско село, полицијата го приведе Б.М.(34), постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз 14-годишно девојче од истото село. Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Continue Reading

Обид за напад со нож и закани преку телефон – хорор во Виничко

Штипската полиција поднесе кривична пријава против М.Н.(27) од Македонска Каменица поради загрозување со опасно орудие при тепачка или караница и загрозување на сигурноста. „На 19.04.2025 во село Истибања, виничко, првопријавениот се обидел физички да го нападне со остар предмет Т.С., а подоцна му упатувал закани по живот на мобилна апликација“, се вели во информацијата од МВР.

Continue Reading

Еден стан продаден на две лица во Гостивар, МВР поднесе кривична за измама

Полицијата поднесе кривична пријава против Н.С.(43) од Гостивар и фирма од Гостивар поради измама. „На 27.12.2017, првопријавениот – сопственик на фирмата, склучил и потпишал купопродажен договор за стан опишан како компензација со фирма од Гостивар. Истиот стан на 27.10.2020 повторно го продал на друго лице од Гостивар“, велат од МВР. Кога претходниот купувач кога се обидел да влезе забележал дека …

Continue Reading

Државјани на Турција нападнале таксист во Скопје за да му го украдат телефонот

Полицијата поднесе кривична пријава против О.А.Б.(19), К.И.(19) и Е.Х.Б.(20), сите државјани на Република Турција, поради разбојништво. „На 3 мај во Скопје, пријавените физички нападнале возач на такси возило со кое се превезувале, при што му го одзеле мобилниот телефон“, соопшти МВР.

Continue Reading

Кривична против градоначалник на Кичево: противзаконски ангажирал адвокати и го оштетил општинскиот буџет за скоро 4 милиони денари

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 51-годишниот Ф.Д. од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Во периодот од 2017 до 2024 година, тој во својство на градоначалник на општина Кичево, противзаконски склучил повеќе договори за извршување на адвокатски услуги со адвокати од …

Continue Reading

Приведен тинејџер од Куманово поради брзо возење во населено место

Полицијата го приведе 19-годишниот С.М. од Куманово поради брзо возење во населено место. Според информацијата од МВР, при контрола на патниот сообраќај констатирано е дека тој управувал„бмв“ со брзина од 91 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. Полицијата најавува кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

Continue Reading