Полицијата поднесе кривична пријава против Н.С.(43) од Гостивар и фирма од Гостивар поради измама.
„На 27.12.2017, првопријавениот – сопственик на фирмата, склучил и потпишал купопродажен договор за стан опишан како компензација со фирма од Гостивар. Истиот стан на 27.10.2020 повторно го продал на друго лице од Гостивар“, велат од МВР.
Кога претходниот купувач кога се обидел да влезе забележал дека е променeта бравата и дека станот е опремен за живеење.