Пукано кон маж од скопско Цветово

Триесетгодишниот З.Д. од селото Цветово, Скопско, бил хоспитализиран по вооружен инцидент. Според пријавеното, синоќа по расправија со Е.Б. и Р.Б., двајцата од селото Елово, скопско,  Е.Б. пукал кон него. Од МВР информираат дека мажот се здобил со повреда во ногата. Се преземаат мерки за  расчистување на случајот.

Continue Reading

Почината жена пронајдена во нејзиниот дом во Карпош

Денеска во 01.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на Карпош, била пронајдена почината М.К.М.(82). Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.

Continue Reading

61-годишен маж починал во поликлиника во Аеродром: дошол на преглед и изгубил свест

Вчера во 17.59 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека во поликлиника на подрачјето на општина Аеродром има починато лице. МВР соопшти дека било излезено на местото на настанот и извршен бил службен разговор со лекар, при што е констатирано дека при преглед, кој бил претходно закажан, Љ.М.(61) изгубил свест и починал. Лекар констатирал смрт. Извршен …

Continue Reading

(Фото) Претрес во Кисела Вода, пронајдена дрога, уапсен скопјанец

Вчера во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 49-годишниот С.Н. од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, е пронајдена и одземена марихуана. По насоки од јавен обвинител, С.Н. е задржан во полициска станица за …

Continue Reading

(Фото) Претрес во Батинци, пронајдени пиштоли и куршуми, еден уапсен

Денеска во 09 часот во село Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 53-годишниот Е.Х. од село Батинци затоа што при извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, се пронајдени и одземени три пиштоли и 643 куршуми. По целосно документирање на случајот, против Е.Х. ќе биде …

Continue Reading

Приведен маж од Ресенско, возел пијан

На 26.05.2025 во 00.23 часот на патот Ресен- Битола, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода 47-годишниот Р.Н. од село Златари, ресенско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат” со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Р.Н., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,89 …

Continue Reading

Тешко повреден охриѓанец, го исепал сограѓанин

Вчера во 09 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од И.Е. врз Р.Ч.(34), двајцата од Охрид. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Уапсен 50-годишен маж во Охрид, истепал жена

Вчера во 22.15 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, лишен од слобода е 50-годишниот С.Б. од селото Волино, општина Дебрца. Тој претходно, на локален пат помеѓу селата Волино и Мороишта, пресретнал моторно возило во кое се превезувала М.Т..(46) од едно охридско село и физички ја нападнал. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Приведен скопјанец, возел со 101 км/час на место каде е дозволено 40 км/час

Ноќеска во 00.44 часот полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода 56-годишниот А.Р. од Скопје. На регионалниот пат Р-1205 во село Пишица, пробиштипско, тој управувал патничко возило „фолксфаген“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 40 километри на час, во населено место. …

Continue Reading