Полицијата поднесе кривична пријава против О.А.Б.(19), К.И.(19) и Е.Х.Б.(20), сите државјани на Република Турција, поради разбојништво.
„На 3 мај во Скопје, пријавените физички нападнале возач на такси возило со кое се превезувале, при што му го одзеле мобилниот телефон“, соопшти МВР.