Видео од малолетници со експлицитна содржина објавено на социјалните мрежи: случајот го пријавил 17-годишник од кривопаланечко село
Во ОВР Крива Паланка вчера во 09.50 часот, 17-годишник од кривопаланечко село пријавил дека на социјална мрежа било објавено видео од него и друг малолетник со експлицитна содржина. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Повреден малолетник во Карпош: соучениците го фрлале во висина на училишното игралиште
Вчера во 08.30 часот во СВР Скопје, М.Б.(51) од с.Бардовци, скопско, пријавил дека на 19.05.2025 во 10.30 часот на игралиште во основно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил фрлан во висина од неколкумина негови соученици. Тој според пријавеното паднал и се здобил со повреди. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Oружје и муниција пронајдени при претрес во скопско Батинци
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи според член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот во селото Батинци полициски …
Continue Reading
Приведено лице барано по две централни потерници
Полицијата приведе криминалец кој е бара по две централни потерници за вкупна казна затвор од една година, 11 месеци и 20 дена. Според информациите на МВР, вчера во 12 часот на ул. „Јордан Мијалков“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.Г. (46) од Скопје. За него имало распишано две централни потерници по наредба на Основен кривичен …
Continue Reading
Уапсени крадци во Скопје, краделе во црква во Сопиште
Полицијата уапси двајца крадци од Скопје кои краделе во црква во Сопиште. Според информациите на МВР, полицијата ги уапси Р.Д.(30) и М.Ј. (39), двајцата од Скопје поради сторено кривично дело “тешка кражба“. На 19.05.2025 во СВР Скопје е пријавено дека од црквата „Св. Спас” во Сопиште, скопско, биле одземени предмети. „Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски …
Continue Reading
Приведен криминалец од Арачиново баран со потерница
Полицијата денеска уапси жител на Арачиново, скопско, кој бил баран со потерница. Според информациите на МВР, околу 13.35 часот во село Арачиново, по претходно преземени оперативно тактички мерки, од страна на полициски службеници е лишен од слобода Ј.Б. (28) од с. Арачиново, кој бил баран со централна потерница. Уапсниот е предаден на КПУ „Затвор Скопје”.
Continue Reading
Поднесено обвинение за Штекли и уште девет лица за продажба на кокаин и марихуана
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против десет лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Станува збор за групата што вршела продажба на дрога, а првообвинет е Раде Трајковски познат како Штекли. Според информациите на …
Continue Reading
Насилство во Центарот за социјални работи – скопјанец пријавил дека го нападнала партнерката
Триесет и осумгодишен скопјанец, во полицијата пријавил дека во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неговата поранешна партнерка А.Д.(35). Истотака, според пријавеното, и нејзин родина му се заканувал со остар предмет му се заканувал. МВР презема мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Пукано кон маж од скопско Цветово
Триесетгодишниот З.Д. од селото Цветово, Скопско, бил хоспитализиран по вооружен инцидент. Според пријавеното, синоќа по расправија со Е.Б. и Р.Б., двајцата од селото Елово, скопско, Е.Б. пукал кон него. Од МВР информираат дека мажот се здобил со повреда во ногата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading