61-годишен маж починал во поликлиника во Аеродром: дошол на преглед и изгубил свест


1692196338_brza-pomosh.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 17.59 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека во поликлиника на подрачјето на општина Аеродром има починато лице.


МВР соопшти дека било излезено на местото на настанот и извршен бил службен разговор со лекар, при што е констатирано дека при преглед, кој бил претходно закажан, Љ.М.(61) изгубил свест и починал. Лекар констатирал смрт.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK