Педесетгодишна жена од Скопје била нападната во сопствениот стан во општина Аеродром, откако при враќањето дома затекнала непознато лице кое, според пријавата, одзело пари од станот.
Според пријавеното во МВР, Л.П. (50) забележала дека влезната врата од станот била насилно отворена и оштетена, но не можела да влезе бидејќи од внатрешната страна била блокирана со столица.
Откако успеала да ја тргне столицата и да влезе во станот, затекнала непознато лице кое ја нападнало со тврд предмет, по што побегнало.
Жената потоа забележала дека од станот ѝ биле одземени пари.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.