Претрес во Струмица, пронајдена дрога: уапсен 48-годишник

Вчера во 22:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 48-годишниот Љ.Ѓ. од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, како и при личен претрес на Љ.Ѓ., биле пронајдени и одземени пакувања со хероин и кокаин, две дигитални ваги и други предмети со остатоци од прашкаста материја. Лицето е задржано во Полициската …

Continue Reading

Уапсен дрвокрадец во тетовско: превезувал огревно дрво без документација и немал возачка дозвола

Вчера во 19:30 часот во село Желино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода 29-годишниот И.Б. од село Стримница, тетовско. При сообраќајна контрола било запрено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возел без возачка дозвола. При преглед на возилото, во багажниот простор биле пронајдени огревни …

Continue Reading

Мобилниот тим ,,Task Force” при РЦ за ГР Исток пронајде дрога и уапси двајца

Вчера во 21:05 часот на стариот пат село Тработивиште – Делчево, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force” од РЦ за ГР Исток го лишија од слобода 29-годишниот Д.К. од село Полето, делчевско и 26-годишниот У.А. од село Црник, делчевско. При преглед на паркирано патничко возило „фолксваген голф” со делчевски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени и одземени …

Continue Reading

Кривична против поштар од Штип: не доставил препорачано писмо до лице од МОН и се потпишал во нејзино име

СВР Штип поднесе кривична пријава против 46-годишниот Р.М. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 07.08.2026, пријавениот, вработен како поштар, не доставил препорачано писмо до едно лице од Министерство за образование и наука, а се потпишал во нејзино име на листата за доставени пратки, со што ѝ нанел штета во однос …

Continue Reading

Кривична против ексдиректор на Шумско стопанство – Свети Николе: склучувал договори без спроведена постапка и утврдени критериуми

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против 62-годишниот Б.И. Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, како директор на ЈП „Национални шуми“ – подружница Шумско стопанство „Шумарство“ – Свети Николе, од јули до ноември 2023 година склучил три договори за купопродажба на дрвни сортименти без …

Continue Reading

Тешко повреден 44-годишник од Неготино: управувајќи четирицикл изгубил контрола и паднал

Вчера во 13:50 часот во СВР Велес пријавено е дека на некатегоризиран пат во близина на село Челавец, демиркаписко, 44-годишниот М.Ѓ. од Неготино, управувајќи четирицикл со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

Continue Reading

Малолетничка физички нападната од вработена згрижувачка во СОС „Детско село“

Денеска во 01:30 часот во СВР Скопје, од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје било пријавено дека на 11.10.2026 околу 17:00 часот во СОС „Детско село“, малолетничка била физички нападната од вработено лице како згрижувачка. Според пријавеното, малолетничката и претходо била физички нападната од истата згрижувачка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Ограбен Турчин на паркинг во Центар: три лица насилно му одзеле пари и клуч од автомобил

Денеска во 03:00 часот во СВР Скопје, 27-годишниот О.О. од Турција пријави дека околу 23:40 часот на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје, три лица со употреба на физичка сила му одзеле пари и клуч од патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Физичка пресметка меѓу 29-годишник и 20-годишна девојка пред ноќен клуб во Центар: скопјанката била агресивна и кон полицајците

Денеска во 04:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред ноќен клуб на подрачјето на Центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 29-годишниот А.Т. и 20-годишната И.С., двајцата од Скопје. И.С. се однесувала и агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Continue Reading