Двајца мажи биле приведени во Куманово откако биле затекнати во продажен објект при обид да одземат производи, соопшти МВР.
Случајот се случил вчера околу 18:40 часот, во продавница на булеварот „Октомвриска револуција“.
„Полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.Ш.( 52) од Скопје и А.А. (51) од село Страчинци, скопско“, велат од полицијата и додаваат дека по целосното документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.