Уапсени српски државјани: возеле со брзина од 175 на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час
Вчера во 19:05 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишија од слобода Н.З.(36) од Србија. При проверка на патничко возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, кое го управувала, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека била евидентирана како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. …
Continue Reading
МВР со засилени контроли во 66 угостителски објекти и казина: приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа
На 17/18.10.2026 година, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со секторите за внатрешни работи и во координација со надлежните инспекциски служби, спроведе контроли во 66 угостителски објекти и казина, при што се утврдени низа неправилности. Полициските службеници легитимирале 38 лица, извршиле преглед на 61 лице и едно патничко моторно возило, а го утврдиле идентитетот на 31 лице, извести МВР. „При …
Continue Reading
За едно деноноќие лишени од слобода 25 возачи: 12 возеле без положен испит, 11 под дејство на алкохол
Вкупно 25 возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од приведените, 12 лица управувале моторно возило без положен возачки испит, 11 возеле под дејство на алкохол, а двајца управувале возило и …
Continue Reading
Тројца турски државјани осомничени за обид за убиство во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, државјани на Република Турција кои како соизвршители учествувале во дејствија на кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Едниот од нив со дејствија на помагање, ги одвел другите двајца, им ја покажал точната локација и …
Continue Reading
Полициска акција низ цела држава: 16 лица лишени од слобода, запленети дрога, оружје и муниција
Шеснаесет лица биле лишени од слобода, а дрога, огнено оружје, муниција и парични средства биле запленети во засилена полициска акција што на 16 и 17 октомври била спроведена на територијата на целата држава. Акцијата ја реализирал Одделот за криминалистичка полиција, во координација со сите сектори за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња, со цел откривање и сузбивање на криминалот, …
Continue Reading
(Фото) Осум возачи фатени под дејство на алкохол во Скопје, четворица лишени од слобода
Осум возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол биле откриени при засилена сообраќајна контрола што во текот на ноќта меѓу 17 и 18 октомври ја спровела Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во Скопје. Контролата се одвивала во периодот од 21 до 3 часот, на подрачјата на општините Илинден, Гази Баба …
Continue Reading
Приведен 18-годишен кумановец: во неговиот дом пронајдени автоматска пушка, муниција и направа со тајмер
Осумнаесетгодишен жител на Куманово е лишен од слобода откако при претрес во неговиот дом полицијата пронашла автоматска пушка, муниција и рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 17 октомври 2026 година, во 19:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Д. (18). При претресот, извршен со судска …
Continue Reading
Затекнати при нелегална сеча на 43 букови стебла во струшко, приведени двајца мажи
Двајца жители на струшкото село Подгорци биле лишени од слобода откако биле затекнати при нелегална сеча на 43 букови стебла во месноста Подгоречки бачила. Исечените дрва ги товареле во три патнички возила за нелегален транспорт. Од МВР информираат дека 46-годишниот Е.А. и 45-годишниот Р.А. биле затекнати на 16 октомври во 17 часот, при координирана акција на полициски службеници и Шумската …
Continue Reading
(Фото) Кокаин и пиштол пронајдени при претрес во Голема Речица, приведен 57-годишник
Пиштол и кокаин биле пронајдени при полициски претрес во дом и помошни простории во тетовското село Голема Речица. Лишен од слобода е 57-годишниот А.А., кој, според полицијата, упатувал закани кон полициските службеници за време на претресот. Претресот бил извршен на 16 октомври, од 15 до 16:30 часот, со судска наредба. Во подрумска просторија, под кревет, бил пронајден пиштол „Екол дуал“ …
Continue Reading